Студија на НАСА

Најновата здравствена грижа на астронаутите: херпесот

Една студија открива дека заспаните вируси можат повторно да се активираат кај поединци што преживеале стрес поради патувањето во вселената.

Астронаутите што „смело одат таму каде што ниеден маж досега не отишол“, како што на времето велеше капетанот Кирк, веројатно очекуваат дека нивното тело ќе претрпи одредени промени во вселената. Но колкумина претпоставуваа дека би можеле да добијат херпес? Новите истражувања од НАСА покажуваат дека колку повеќе време истражувачите на вселената поминуваат над нашата планета, толку поголеми се шансите да се реактивираат долгозаспаните вируси - вклучувајќи и сипаница, херпес зостер и орален и генитален херпес.

Според студија објавена во списанието Границите во микробиологијата, кај околу 53% од 89 субјекти што отишле на кратки летови со вселенски шатли, како и кај 61% од 23-те вселенски патници што заминале на подолги патувања до Меѓународната вселенска станица, се појавил (се реактивирал) вирусот на херпесот во нивната урина или плунка, вели главниот автор Сатиш Мехта.

Истражувачите веруваат дека зад таа реактивација стои стресот, што е можно бидејќи херпес вирусите никогаш не исчезнуваат целосно, туку лежат заспани во имуните и нервните клетки, чекајќи да се вратат во живот. Мехта забележува дека „за време на вселенскиот лет се зголемува лачењето на стрес-хормоните како кортизолот и адреналинот, за кои се знае дека го потиснуваат имунолошкиот систем“.

Добрата вест од студијата: самото тоа што вирусите се реактивираат не значи дека нивните домаќини нужно ќе покажат симптоми, при што Мехта забележува дека само мал број субјекти од студијата добиле мали симптоми. Сепак, оние што се заразени мора да бидат претпазливи откако ќе се вратат на Земјата за да бидат сигурни дека не заразиле некого со слаб имунолошки систем.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе