Френклиновиот арктички поход во 1845

Најден брод што исчезнал пред скоро 200 години, речиси нечепнат од времето (ВИДЕО)

Британскиот поларен истражувач и неговиот 130-член екипаж исчезнаа во морето. Бродскиот дневник и мапите може да се сè уште недопрени по 170 години под вода.

Доказите откриени под тешкото студенило на канадскиот Арктички Океан ќе фрлат нова светлина врз последните денови на несреќната експедиција на британскиот поларен истражувач сер Џон Френклин, кој исчезна со својот екипаж во 1845 година.

Истражувачите на Паркс Канада и од Инуитите во средата ги објавија резултатите од студијата на ХМС Терор - вклучувајќи и „епохални“ нови слики од внатрешноста на неверојатно добро зачуваниот брод - и рекоа дека е можно бродските дневници и мапите да останале непроменети и читливи по скоро 170 години под вода.

Во текот на неколку недели во почетокот на август, истражувачите почнале со технологија на 3Д-мапирање за да го испитаат местото со руините кај брегот на островот Кинг Вилијам во канадската територија Нунавут.

Првпат досега, тимот успеа да направи и седум прошетки низ бродот со далечински управувано возило. Скоро 90% од долната палуба на бродот - вклучително и областите каде што екипажот јадел и спиел - биле достапни за возилото. Севкупно, експедицијата успеала да проучи 20 одделни простории.

„Впечатокот што го добивме кога го истражувавме ХМС Терор беше како бродот неодамна да бил напуштен од неговиот екипаж, се чинеше како заборавен од забот на времето“, рече Рајан Харис, виш археолог за „Паркс Канада“.

Во 1845 година, ХМС Еребус и ХМС Терор ја напуштиле Англија во потрага по посакуваниот Северозападен премин, морски пат низ Арктички Океан. Но славната и внимателно следена експедиција завршила со катастрофа, при што сите 129 члена на екипажот им подлегнале на опасните услови на Арктикот.

Неодамнешните ископувања на околните острови укажуваат дека комбинација од скорбут, хипотермија - и потенцијално канибализам - го убиле екипажот откако тој ги напуштил двата залутани брода. Повеќекратните експедиции за враќање на бродовите и останките од екипажот се покажаа залудни.

Со генерации, во усната историја на Инуитите (домородците што го населувале Нунангат) се раскажува за две бродоломни пловила и залутани морнари. Долго време игнорирана од западните археолози, оваа историја беше потврдена кога инуитските историчари помогнаа да се откријат локациите на Еребус во 2014 година, и на Терор во 2016 година.

По големото откритие, Паркс Канада се устреми кон детално проучување на двата брода, за подобро да ги разбереме животите на тие бродови - и последните месеци од патувањето.

Од целата руина, кабината на капетанот Френсис Крозиер останува најнечепната. Само неговите спални соби, кои се зад затворена врата, се недостапни.

Самата локација, под студените арктички води, е клучна во зачувувањето на поголем дел од бродот. Температурата на водата и недостигот од природна светлина го спречиле распаѓањето на голем дел од предметите, вклучувајќи ги садовите и навигацијата. Највозбудливи за истражувачите се изгледите дека густиот талог, со многу малку кислород, ја сочувал документацијата на бродот, вклучително и дневници и мапи.

„Не само што мебелот и плакарите си се на место, туку и фиоките се затворени и повеќето се закопани во тиња, презервирајќи ги предметите и документите во најдобрите можни услови за нивен опстанок“, рече Марк-Андре Берние, шеф на одделот за подводна археологија на Паркс Канада. „Секоја фиока и другите затворени простори ќе бидат ризница на невидени информации за судбината на експедицијата на Франклин“.

Секој предмет земен од експедицијата ќе биде споделен меѓу владите на Канада и Инуитите, резултат на неодамнешниот договор меѓу двете групи. Пред да се објави најновото откритие, првите што ги виделе сликите од руините биле членови на заедницата на Јoа Хевен, единственото населено место на островот Кинг Вилијам, меѓу кои и млади студенти.

Паркс Канада поставија уреди за следење на протекот на водата во близина на Терор, а сега го проучува Еребус. Тимот се надева дека нивното истражување на локацијата ќе заврши до почетокот на септември, пред годишното формирање на есенскиот морски мраз.

Објавено

Четврток, Август 29, 2019 - 14:52

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе