Најбрзиот суперкомпјутер во светот помага во борбата со коронавирусот (ВИДЕО)

Новиот најбрз суперкомпјутер во светот ја почна борбата против коронавирусот.

EPA-EFE

Суперкомпјутерот Фугаку во Јапонија произведува 2,8 пати повеќе пресметки по секунда од компјутерот на ИБМ во САД.

Компјутерот во САД се вика Самит и донеодамна беше најбрз. Фугаку со оваа брзина од престолот ги симна компјутерите од Јапонија и Кина кои беа водечки во последните 11 години.

Како што јавува Би-би-си, суперкомпјутерот тргнал во борба со коронавирусот. Имено, машината симулира како капките кои ја шират инфекцијата би се ширеле во канцеларии со клима или во возови со отворени прозорци.

Кога ќе биде целосно оперативен, следната година, експертите веруваат дека може да помогне во намалувањето на опциите за ефикасни третмани против вирусот.

Фугаку зазема цела една просторија во градот Кобе, а во последните шест години го развија компанијата Фуџицу и владиниот институт Рикен. Неговото име е и втор назив за планината Фуџи.

Мерењата покажале дека перформансите му се 2,8 пати побрзи од вториот најбрз компјутер, Самит. Самит, пак, е сместен во Оук Риџ во Тенеси.

„Се надевам дека врвниот ИТ систем ќе придонесе кон големи придвижувања со тешките социјални прашања како коронавирусот“, кажа Сатоши Мацуока, шефот ан компјутерскиот центар во Рикен.

Минатата година третиот најбрз компјутер беше на ИБМ, сместен исто така во САД, додека четвртото и петтото место ги зазеде Кина.

Фугаку е единствениот суперкомпјутер кој е прв на пет различни листи според брзината на перформансите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе