Бактерии што виреат во услови без кислород

На Венера откриени можни знаци на живот

Научниците денеска соопштија дека во киселинските облаци на Венера откриле гас наречен фосфин што укажува дека дека во ненаселивиот Земјин сосед можеби живеат микроби, што претставува извонредно привлечен сигнал за потенцијален живот надвор од Земјата, пренесе Ројтерс.

Истражувачите не откриле конкретни форми на живот, но забележале дека на Земјата фосфинот се произведува од бактерии што виреат во услови без кислород. Меѓународниот научен тим најпрво го забележал фосфинот со помош на телескопот Џемс Клерк Максвел на Хаваите и го потврдил со помош на радиотелескопот (АЛМА) во Чиле.

„Бев многу изненаден - всушност вчудовиден“, рече астрономката Џејн Гривс од Универзитетот Кардиф во Велс, главен автор на истражувањето објавено во списанието Нејчр астрономи.

„Со она што во моментов го знаеме за Венера, најверодостојното објаснување за фосфинот, колку и да звучи фантастично, е дека има живот“, рече молекуларната астрофизичарка и коавторка на студијата од Технолошкиот институт во Масачусетс, Клара Соза-Силва.

„Треба да нагласам дека животот, како објаснување за нашето откритие, како и секогаш, беше последната опција“, додаде Соза-Силва. „Ова е важно затоа што, ако тоа е фосфин и ако има живот, тоа значи дека не сме сами. Тоа исто така значи дека самиот живот мора да е многу чест и дека мора да има многу други населени планети низ нашата галаксија“.

Фосфинот - атом на фосфор со три атоми на водород - е мошне токсичен за луѓето.

Телескопите на Земјата, како оние што биле користени во ова истражување, им помагаат на научниците да ја проучат хемијата и другите карактеристики на вселенските објекти.

Фосфинот бил забележан со 20 дела од милијарда во атмосферата на Венера, што претставува концентрација на траги. Гривс рече дека истражувачите ги испитувале потенцијалните небиолошки извори како што се вулканизам, метеорити, молњи и разни видови хемиски реакции, но ниту еден не изгледал издржано.

Истражувањето продолжува или за да го потврди присуството на живот или за да се најде алтернативно објаснување.

Постоењето на вонземски живот долго време е едно од најважните прашања на науката. Научниците користат сонди и телескопи за да бараат „биолошки траги“ - индиректни знаци на живот - на други планети и месечини во нашиот Сончев систем и пошироко.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе