Т-14

На руската војска ѝ пристигнува „армата“, најпаметниот тенк во светот (ВИДЕО)

На крајот на оваа или на почетокот на следната година руската војска ќе го добие тенкот од следната генерација Т-14 „армата“.

Т-14 се смета за најреволуционерен и најпаметен тенк во светот. боиот руски супертенк е надмоќен над сите тенкови со кои располагаат силите на НАТО пактот, тврдат руските експерти.

Руските власти не наведуваат колку тенкови ќе бидат испорачани во првата тура, но претходно се спомнуваше дека договорот е направен на 100 парчиња, а дека Уралвагонзавод до 2025 година ќе произведе 2.300 такви тенкови.

Т-14 е направен на универзалната платформа на гасеници „армата“ и е првиот тенк со изолирана окоплна капсула за екипаж од три лица, со купола на далечинско управување и со автоматски механизам за полнење, што го зголемува нивото на заштитеност на војниците и ефикасноста при пукањето.

„„Армата“ поприлично се разликува од повеќето современи тенкови. Тој е првиот тенк со изолирана блиндирана капсула, а борбениот оддел каде што се наоѓа топот е без екипаж, па оружјето работи автоматски, поради што тој дел е покомпактен. Имајќи ги предвид сите негови карактеристики, може да се каже дека овој тенк по своите капацитети е подобар од повеќето странски тенкови, а можеби и сите“, вели рускиот експерт Дмитриј Корњев.

Тенкот за првпат беше прикажан на Парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва во 2015 година, а има голема мобилност и огнена моќ.

Должината на „армата“ е 10,8 метри, ширината 3,5 метри, висината 3,3 метри, а тежок е 48 тони. Моторот кој го придвижува тенкот има такви карактеристики кои му овоможуваат брзина и до 90 километри на час. Капацитетот на резервоарот е доволен за тенкот со едно полнење да помине 500 километри.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе