Гордоста на руската авијација

На Путин му беше претставен МиГ-31 со новиот хиперсоничен проектил „кинжал“ (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин го посети аеродромот на Државниот центар за пробни летови „Чкалов“ во Ахтубинск, каде му беа покажани најновите примероци на современата авијациска техника. Меѓу нив и ловецот МиГ-31 со хиперсоничниот проектил „кинжал“.

На претставување беа изложени и ловецот-пресретнувач МиГ-31, опремен со ракетата „кинжал“, повеќенаменскиот ловец од петттата генерација сухој Су-57 и најновиот ловец МиГ-35.

Претставени беа и примероци од напредни беспилотни летала. Рускиот претседател ја разгледа и авијациската техника која сериски му се испорачува на руското министерство за одбрана – ловци Су-35, Су-30СМ, модернизиран ловец-пресретнувач МиГ-31БМ и ловец МиГ-29К на морнаричката авијација на Русија.

За време на посетата на „Чкалов“ шефот на руската држава беше придружуван од вицепремиерот Јуриј Борисов, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, началникот на генералштабот на војската на Русија Валериј Герасимов, главниот командант на воздухопловно-космичките сили Сергеј Суровкин и други функционери.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе