На морското дно има 14 милиони тони микропластика

Дното на светските мориња е покриено со 14 милиони тони микропластика, што е последица од фрлањето на големите количества ѓубре во океаните секоја година, објави австралиската национална научна агенција ЦСИРО.

EPA-EFE

Количеството ситни загадување е 25 пати поголемо во однос на проценките извлечени од претходните лолани студии, наведува ЦСИРО, која своето истражување го нарекува прва глобална проценка на микропластиката на дното на морето.

Експертите со подморница-дрон собрале примероци од длабочини и до 3.000 метри во подморјето на јужна Австралија.

„Нашето истражување покажа дека глабоките окени се како одводни канали за микропластиката“, кажа шефицата на проектот Дениз Хардести.

„Изненадени сме што најдовме толку многу микропластика на толку одалечени локации“.

Научниците, кои својата работа ја објавија во магазинит Фронтиерс ин марин сајенс, велат дека областите со повеќе плутачко ѓубре на површината имаат повеќе микропластика на своето дно.

„Пластиката која завршува во океаните пропаѓа и се распаѓа на ситни делови, а резултатите јасно покажуваат дека микропластиката завршува на нивното дно“, вели научничката Џасин Барет.

Хардести затоа повика на итна акција за наоѓање решение за загадувањето со микропластика кое влијае врз екосистемите, животот во дивината и врз здравјето на луѓето.

„Владите, индустријата и заедниците мора да работат заедно на то значително да го намалат количеството ѓубре кое го гледаме кај нашите плажи и во нашите мориња“, кажа таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе