На Гренланд само во еден ден се стопиле 11 милијарди тони мраз

Месеците на рекордно високи температури го земаат својот данок, а ледената покривка на Гренланд во четвртокот го претрпе најголемото топење ова лето, при што 11 милијарди тони површински мраз се претворија во вода и истекоа во океанот.

Количеството вода кое се стопи во четвртокот би исполнило 4,4 милиони олимписки базени.

Мразот на Гренланд се топи непреканато во последните четири месеци како резултат на температурните рекорди. Само во јули ледената покривка на Гренланд изгуби 197 милијарди тони мраз.

Климатолошката на Данскиот метеоролошки институт Рут Мотрам изјави за Си-ен-ен дека очекуваниот просек во ова време на годината би бил 60-70 милијарди тони.

Топлотниот бран кој ја опустоши Европа минатата недела дојде до Арктикот и научниците сметаат дека би можел да иницира едно од најголемите топења на Гренланд од 1950 година, откако се спроведуваат прецизни мерења.

Глобално овој јули беше најжешкиот месец во историјата на мерењата. Глобалните просечни температури за јули се споредливи, а најверојатно и повисоки од јули 2016 година, кој го држи актуелниот рекорд – конечните податоци ќе бидат познати утре.

Ледената покривка на Гренланд е втора по големи во светот и годинешното топење на мразот веќе досега предизвика пораст на нивото на морето на планетата од околу половина милиметар.

На топењето на мразот придонесоа и големите пожари кои дополнително ја креваат температурата. Од почетокот на јули забележани се повеќе од стотина пожари во арктичкиот круг.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе