На екипажот на Меѓународната вселенска станица му истекуваат и воздух и време

Од Земјата смируваат, но на 400 километри од нашата планета се одвива драма – екипажот на Меѓународната вселенска станица (ИСС) не успева да ја најде дупката од која истекува воздух.

EPA-EFE

Во рускиот дел на Меѓународната вселенска станица на космонаутите им истекува времето. Резервите кислород паѓаат, а сè уште не е јасно од каде истекува воздухот, јавува агенцијата ТАСС по разговорот со централата во Москва со екипажот на ИСС.

Космонаутот Сергеј Рижков им порачал дека воздухот излегува кај преминот кон модулот Звезда, но екипажот сè уште не знае каде.

Пад на притисокот беше регистриран уште во почетокот на август, но сега времето забрзано истекува. Во игра е можноста тој дел од ИСС комплетно да се запечати за да не се загрози целата станица. Но тоа во голема мера би ја ограничило работата на ИСС.

Во октомври екипажот се обиде со трик – пуштија кесичка со чај да лебди и да ја вшмука дупката низ која истекува воздухот. Така најдоа пукнатина од 4,5 сантиметри, која ја затворија. Не беше јасно како таа настанала, но јасно е дека воздухот сè уште истекува од некаде.

Не помогна ни излегувањето на еден од космонаутите од надворешната страна на станицата. Руската вселенска агенција Роскосмос цело време истакнува дека нема непосредна опасност по екипажот. „Сè е под контрола“, тврди шефот на Роскосмос Дмитриј Рогозин.

За февруари е планиран лет на товарната сонда Прогрес која треба да однесе нови количества кислород на ИСС. Доколку во меѓувреме згусти, американска НАСА би можела да помогне и да испрати беспилотно летало со кислород.

Меѓународната вселенска станица е стара повеќе од две децении. Пред две години беше откриена една дупка која предизвика контроверзи. Во последно време екипажот мака мачи со снабдувањето со струја и тоалетите.

На ИСС во моментов на 400 километри од Земјата има седум луѓе: двајца Руси, четворица Американци и еден Јапонец.

Во октомври космонаутот со најдолг стаж во вселената Генадиј Падалка во едно интервју беше сосема директен: „Сите модули на рускиот дел се потрошени“, кажа тој. Всушност, опремата беше планирана да трае 15 години и рокот одамна ѝ е истечен, кажа Падалка.

ИСС е единствената вселенска станица, всушност вештачки сателит со човечки екипаж, кој постои. На неа во бестежинска состојба се вршат значајни експерименти од рани научни дисциплини. ИСС постојано кружи по орбитата и Земјата ја обиколува за 92 минути.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе