Уникатно откритие

Мумифицирана жена која починала пред 2000 години била бремена (ВИДЕО)

Полските научници во четвртокот објавија дека ја откриле првата бремена египетска мумија во светот додека скенирале посмртни остатоци стари 2.000 години, чувани во Националниот музеј во Варшава.

Screenshot

„Мојот сопруг Станислав, египетски археолог и јас ги погледнавме рендгенските снимки и во стомакот забележавме позната глетка за родители на три деца - мало стапало!“, изјави за новинарите Марзена Озарек-Шилке, антрополог и археолог на Универзитетот во Варшава.

Понатамошната анализа го покажа целиот фетус. Научниците кои работат на Проектот Варшавски мумии веруваат дека жената била на возраст меѓу 20 и 30 години и дека била бремена од 26 до 30 недела.

„Не знаеме зошто фетусот не бил изваден од починатата за време на мумификацијата“, рече Војчех Ејсмонд од Полската академија на науките, учесник во проектот.

„Оваа мумија е навистина единствена. Не можевме да пронајдеме ниеден сличен случај. Тоа значи дека ‘нашата’ мумија е единствената во светот за која е откриено дека е со фетус“, рече тој.

Озарек-Силке претпоставува дека тоа можеби било обид за „камуфлирање на бременоста... или можеби имало некакво значење поврзано со верувањата и преродбата во друг свет“.

Врз основа на анализата на хиероглифите на саркофагот, за мумијата првично се сметало дека е свештеник кој живеел помеѓу првиот век пред нашата ера и првиот век од нашата ера.

Научниците сега веруваат дека може да биде и постара и ги испитуваат можните причини за смртта.

Мумијата не била отворена, но еден скен покажал дека жената имала долга виткана коса до рамената.

Истражувањето е објавено во најновиот број на рецензирано списание Џурнал оф археолоџикл сајанс.

„Ова е прв познат случај на балсамирано тело на бремена жена... Отвора нови можности за истражување на бременоста во античко време и практиките поврзани со мајчинството“, се вели во написот.

Мумијата била донесена во Полска во 19 век и станала дел од збирката антиквитети на Универзитетот во Варшава.

Во Националниот музеј се чува од 1917 година.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе