Вселенска криенка

Можете ли да ја најдете огромната црна дупка што демне на оваа фотографија на Хабл?

Некаде на оваа фасцинантна слика, која неверојатно личи на сцена од научната фантастика, демне огромна црна дупка, која голта огромни количества маса од околината. Можете ли да ја најдете?

(Совет: следете ја светлината.)

Црните дупки се неверојатно густи со екстремна гравитација што ја вшмукува материјата со голема брзина, создавајќи светол диск од суперзагреан гас и честички околу него.

Нивното однесување, исто така, ја нарушува нивната околина и магнетните полиња, исфрлајќи дел од материјата назад во вселената и создавајќи драматични светлосни столбови. Затоа, следете ја светлата патека нагоре лево на фотографијата за да откриете каде се крие црната дупка.

Неверојатната фотографија, која Хабл ја направи пред скоро 20 години, неодамна на Твитер ја сподели тимот зад вселенскиот телескоп за да ја одбележи „неделата на црните дупки“ на НАСА. На фотографијата се гледа дел од галаксијата М87 и нејзината импресивна истоимена црна дупка, која се наоѓа на околу 50 милиони светлосни години од нашата планета.

M87 првпат почна да го привлекува вниманието на астрономите уште во 1918 година, благодарение на необично правиот зрак светлина што го проектира низ галаксијата. Научниците веруваат дека огромната црна дупка голтнала материја еквивалентна на масата на 2 милијарди сонца големи колку нашево.

Годинава оваа појава беше во центарот на еден неверојатен момент за науката, кога физичарите објавија нова слика од неа како прва фотографија на црна дупка во историјата на човештвото.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе