Мистериозната деветта планета можеби воопшто не е планета

Двајца млади докторанди даваат смела нова теорија.

„Што ако планетата 9 е древна црна дупка?“, е насловот на нов научен труд за мистериозниот извор на гравитација на работ на нашиот сончев систем.

Делото сугерира дека сè уште невидениот извор - кои некои го нарекуваат Деветта планета, или Планета Икс - всушност може да е мала древна црна дупка. Ова наводно одговара на она што научниците го гледаат таму далеку, 20 пати подалеку од Нептун, каде што парчињата мраз имаат своја сопствена овална орбита во она што се нарекува Кајперов појас.

Авторите Јакуб Шолц и Џејмс Анвин, двајцата доктори на науки по физика, бараат да се разгледа поимот релативно блиска црна дупка.

„Со едноставно фокусирање на концептот на планета, вие ја ограничувате вашата експериментална потрага“, рече Анвин за Гизмодо. „Откако ќе почнете да размислувате за поегзотични предмети, како исконски црни дупки, почнувате да мислите на различни начини“.

Тие велат дека таквата црна дупка можеби пролетувала од тука, па била заробена во орбита на нашиот сончев систем.

Исконските црни дупки се теоретски објекти што можеби се создале брзо по Големата експлозија. Оваа конкретнава би била мала, со маса приближно 5 до 15 пати поголема од онаа на Земјата и големина помеѓу паричник и топка за куглање.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе