Мистериозен астероид може да стане најмалата џуџеста планета во Сончевиот систем

Откако предизвика негодување, кое трае до ден-денес, со преквалификувањето на Плутон во 2006 година, Меѓународната астрономска унија сега ризикува да го повтори контроверзниот потег бидејќи сакаат да прекласифицираат астероид во џуџеста планета.

Астрономите во понеделникот соопштија дека астероидот Хигеја, кој се наоѓа во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер, наскоро може да им се придружи на Плутон, Церера, Макемаке, Хаумеа и Ерида и да се смета за џуџеста планета, откако новите слики и податоци од инструментот СФЕРА на Европската јужна опсерваторија на Мошне големиот телескоп покажаа дека Хигеја е сферична.

Обликот, заедно со површината и големината, се клучни фактори при класификувањето на еден небесен објект, и овие нови слики со висока резолуција би можеле да ѝ го „сменат животот“ на огромната вселенска карпа.

„Благодарение на уникатната можност на инструментот СФЕРА на ВЛТ... можевме да го откриеме обликот на Хигеја, за кој излегува дека е скоро сферичен“, рече главниот истражувач Пјер Верназа од Астрофизичката лабораторија во Марсеј, Франција.

Ако се прекласификува, Хигеја ќе стане најмалата џуџеста планета во Сончевиот систем, со дијаметар од 430 километри (Цецера има 950, а Плутон 2.400 километри во дијаметар).

За да биде џуџеста планета, објектот мора да орбитира околу Сонцето и не смее да биде месечина. Исто така, мора да биде обликуван од сопствената гравитација во тркалезна или скоро тркалезна форма и мора да има специфичен сооднос со помалите објекти и остатоци во нејзина близина.

Сегашната главна теорија за тоа како се појавила Хигеја е дека и таа и другите астероиди се резултат на навистина огромен директен судир пред околу две милијарди години.

Според оваа теорија, проектил со голема брзина со дијаметар помеѓу 75 и 150 километри го уништил матичниот објект (каков и да бил), создавајќи ги Хигеја и нејзините приближно 7.000 браќа и сестри од астероидниот појас.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе