Мистеријата со водата што исчезнува фрла сомнеж на плановите за колонизација на Марс

Водата на Марс исчезнува многу побрзо отколку што предвидуваат постојните модели и набљудувања, открија научниците, испревртувајќи ги нашите досегашни познавања за Црвената планета и фрлајќи сомнеж на идните планови за колонизација.

Меѓународен истражувачки тим откри неочекувано големи количества водена пареа што се акумулира на височина од 80 километри горе во марсовската атмосфера.

Научниците ги собрале податоците благодарение на сонда од мисијата „ЕксоМарс“, која е финансирана од руската вселенска агенција Роскосмос и Европската вселенска агенција.

Претходните студии веќе утврдија дека водената пареа бега низ атмосферата на Марс преку жестоки бури од прашина. Џиновските торнада од прашина функционираат како еден вид вселенски лифт, транспортирајќи ја водата доволно високо за сончевата светлина да ги разбие молекулите на нивните составни делови, формирајќи огромен облак од водород во тој процес.

Сепак, научниците сега во атмосферата открија џебови што содржат 10 до 100 пати повеќе водена пареа отколку што би било теоретски можно со оглед на температурата, во феномен познат како „суперзаситеност“.

Несекојдневните нивоа на суперзаситеност „не се забележани никаде, на ниедно друго тело на Сончевиот систем“, објаснува Франк Монтмесин, планетарен научник на Универзитетот во Париз-Саклај и коавтор на студијата.

Додека најголем дел од преостанатата вода на Црвената планета сега е заробен во поларните ледени покривки, со оглед на релативно слабата гравитација на планетата (40 проценти од таа на Земјата), загубата на водена пареа со толкава невидена стапка фрла сенка на сите идни планови за колонизација, па дури и тераформирање, сè додека не успееме да ја решиме мистеријата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе