МиГ-25: Ненадминатиот крал на брзината (ВИДЕО)

Јапонскиот воен аналитичар Мори Кентаро смета дека МиГ-25 е најбрзиот ловец-пресретнувач во светот и го нарекува „крал на брзината“.

Во блог за Јаху њуз Џапан, Кентаро пишува дека тој авион во 1962 година го постави светскиот рекорд, остварувајќи брзина од 2.981,5 километри на час на траса од 500 километри во радиус од 80 километри. Во тоа никој го нема престигнато.

„Целта на СССР при создавањето толку брз ловец беше да одговори на американските авиони произведени во шеесеттите години од класата 3М. тоа се авионите А-12 „блекбрд“ и стратегиските бомбардери ХВ-70“, потсетува воениот аналитичар.

Кентаро истакнува и дека творците на авионот успеале да го решат и проблемот со исклучително високите температури при развувањето на брзината.

Смислени се специјални метални легури со голема отпорност на високи температури и издржливост, за разлика од алуминиумските.

МиГ-25 го постави и рекордот во брзината на искачување на авион – максималната висина од 35.000 метри авионот ја достигнуваше за четири минути и 11 секунди.

Авионот имаше голем радар и четири ракети со дострел од 80 километри.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе