ПЕРСЕИДИ

Метеорскиот дожд Персеиди „загревање“ за американската соларна еклипса (ВИДЕО)

Метеорскиот дожд овој викенд е како вовед за Сончевата еклипса на 21 август.

Астрономите годинава проектираат нешто повисока стапка од нормалната од 150 метеори на час преку Северна Америка. Но, светлата месечина ќе ги осветли пофините Персиди, па стапката на гледање ќе биде повеќе од 30 до 40 метеори на час. Врв на глетката ќе биде во петок вечер, рано во сабота, во сабота вечер и рано во недела, пренесе АП.

Вистинско космичко шоу ќе биде тоталното помрачување на Сонцето - првото што ќе го помине брегот на САД во 99 години.

Во понеделник, на 21 август, сонцето, месечината и Земјата ќе се подредат во акт на космичка случајност што ќе го претворат денот во ноќ на 4310 километри во САД.

Ова ќе биде прво вакво случување во речиси еден век и досега немало помрачување на Сонцето што  ќе биде толку многу набљудувано и проучувано.

Експертот за метеори на НАСА, Бил Кук вели дека Персеидите „се како загревање“.

Минатогодишните Персиди брилираа со 200 метеори на час.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе