Дупката е затворена

Метеорит ја погоди Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Воздушниот притисок на Меѓународната вселенска станица (ИСС) е целосно нормализиран, објави денес руската вселенска агенција по инцидентот кој најверојатно го предизвикал удар на метеорит.

Атмосферскиот притисок е во „предвидените параметри“, се вели во соопштението на Роскосмос. „Ништо не се заканува на безбедноста или зцдравјето на нашиот екипаж“.

Се верува дека малата пукнатина на рускиот дел на ИСС го предизвикал „микрометеорит“, кажа директорот на Роскосмос Дмитриј Рогозин.

Дупката низ која истекувал кислородот ја затворил космонаутот Сергеј Прокопјев, додаде НАСА, со помош на другите космонаути на Роскосмос и тимот на НАСА за контрола на летови на Земјата.

Алармот во Хјустон и Москва се огласил во средата и предупредил на падот на притисокот. Шестмината космонаути и астронаути биле предупредени дека станицата губи кислород дури следното утро.

ИСС и понатаму имала доволно кислород за екипажот, но доколку дупката не била затворена, екипажот ќе останел без воздух.

Дупката била помала од 2 милиметри – помала од нокт на малиот прст. Екипажот ја открил при пребарување на двете руски вселенски летала Сојуз кои се прикачени како модули на вселенската станица, во горната секција на едното од нив.

Како што контролорот на екипажот на Земјата кажал за време на преносот во живо, германскиот астронаут Александер Герст прво дупката ја затнал со прст. „Алекс во моментот држи прст на дупката, но мислам дека тоа не е најдоборото решение“, се пошегувал контролорот.

Потоа преку неа бил залепена лента отпорна на топлина, а на крајот Пркопјев ја залепил со лепак и памук – но тоа е само привремено решение.

Контролата на мисијата сега внимателно ја следи вселенската станица во случај да дојде до ново истекување на воздухот. „Сите системи на станицата се стабилни и екипажот денес се врати на својот редовен распоред“, соопшти НАСА.

За да компензираат за губењето воздух, контролорите на мисијата од Москва ја зголемиле атмосферата на ИСС користејќи кислород од товарен вселенски брод кој е прикачен за станицата.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе