Научниците предупредуваат

Метанот се испушта побрзо од кога било, нова закана за целите од Парискиот договор

Рекордните нивоа на метан во атмосферата ќе го отежнат достигнувањето на целите утврдени со Парискиот климатски договор, предупредуваат научниците.

Истражувачите од Националната океанска и атмосферска управа (НОАА) откриле дека зголемените количества од моќниот стакленички гас доаѓаат од тропските предели.

Тие не се сигурни кој е изворот, но веруваат дека тоа веројатно да се должи на микробните промени во тропските мочуришта, кои испуштаат метан. Тие сметаат дека повисоките температури може да предизвикуваат тие да испуштаат повеќе метан од кога било досега.

„Неочекуваниот пораст на метанот е голем предизвик за Парискиот договор и не знаеме зошто се случува тоа“, изјави за Фајненшл тајмс Еуан Нисбет, професор по науки за Земјата на Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон.

„Многу изгледа како затоплувањето да го храни затоплувањето, но голема загатка е како точно го прави тоа“, рече тој.

Метанот е втората најголема причина за глобалното затоплување предизвикано од човекот, по јаглерод диоксидот. Тој е 28 пати посилен и може да ја држи заробена топлината во атмосферата повеќе од 100 години.

Истражувачите откриле дека количеството на ослободениот метан се зголемило за 50 проценти помеѓу 2013 и 2018 година во споредба со петте години претходно.

Се претпоставува дека додека климата се загрева, се зголемува и ефикасноста на микробиолошките заедници што ја претвораат органската материја во метан.

Како и нашите тела, бактериите се најефикасни на потопли температури, така што додека климата се загрева, овие емисии најверојатно ќе се зголемуваат.

„Ова е навистина загрижувачко, бидејќи ова е природен повратен ефект и нешто што не можеме да го контролираме“, вели професорот Грант Ален, атмосферски физичар од Универзитетот во Манчестер.

„Ако утре комплетно го прекинеме користењето на природниот гас, ќе можеме да го спречиме тоа. Тоа се зголемува само затоа што е збир од сите овие ефекти - нашите антропогени емисии и нашите природни емисии. Ако климата продолжи да се затоплува, овој природен повратен ефект сигурно дека може да се забрза.“

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе