Местото каде што се раѓа уништувањето: повеќето страшни урагани во Атлантикот доаѓаат од едно место (ВИДЕО)

Ураганите што ги опустошија Карибите и брегот на Америка доаѓаат од едно место.

Повеќето разорни урагани што во последно време ја погодија Америка настанале на исто место – станува збор за локација во близина на брегот на Западна Африка, блиску до Зеленортските Острови.

Токму во тој дел, истакнат и во видеото, доаѓа до „судир“ на две целосно различни појави: топли суви ветришта кои доаѓаат од Сахара и постудени и повлажни ветришта кои доаѓаат од влажните региони на југот.

Овие неверојатно силни ветришта се познати како африкански источни млазни ветрови и се клучот за разорните урагани кои стигнуваат до Америка.

За разлика од времето во Америка, кое се менува од запад кон исток, ова африканска појава се движи од исток кон запад. Овие ветришта всушност се формираат низ цела година, а токму во септември стануваат најсилни, речиси смртоносни.

Тие минуваат преку топлите екваторијални води и предизвикуваат пораст на топлиот и влажен воздух над Атлантикот. Тој натпросечно топол и влажен воздух создава бури и неверојатно брзи ветришта кои ретко се гледаат. Кога ветерот ќе достигне брзина од 120 км/ч, тој станува ураган од прва категорија.

Доколку условите се поволни, ветровите достигнуваат брзина поголема од 240 километри на час. Тоа тогаш е ураган од петта категорија, најсилниот на Земјата.

Повеќето од овие урагани се „прекршуваат“ над Карибите или островите крај американскиот источен брег, односно тука завршуваат.

Некои од нив го минуваат Мексико и завршуваат во Тихи Океан, што на пример се случи во 2014 година кога ураганот Изел ги погоди Хаваите.

Во секој случај, ураганите кои ги носат најголемите дождови и поплави доаѓаат од еден од најсувите делови на планетата.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе