Месечината се намалува

Студија на НАСА открива дека Земјиниот сателит продолжува да се лади и да се брчка.

Месечината е споредувана со секакви нешта, но ова може да е првпат да се спореди со суво грозје.

Аналогијата доаѓа од НАСА во однос на новата студија во Нејчр џиосаенс, која покажува дека месечината сѐ уште се намалува, додека нејзината внатрешност се лади.

„Исто како што зрното грозје се брчка додека се смалува и станува суво грозје, така и месечината добива брчки додека се смалува“, објаснува НАСА.

Разликата е во тоа што Месечината ја нема флексибилната кожа на гроздот. Наместо тоа, нејзината кршлива површина потпукнува додека се собира, што резултира со „дефекти од потрес“, или карпи слични на скалила, вели Си-ен-ен.

Клучниот заклучок од студијата е дека Месечината во овој поглед е поактивна отколку што претходно се мислеше, што би можело да има последици за, да речеме, локацијата на идните вселенски бази, објави Нешнел џиографик.

„Целата идеја дека едно карпесто тело старо 4,6 милијарди години како месечината успеало да остане доволно жешко во внатрешноста и да ја произведе оваа мрежа од дефекти е спротивно на конвенционалното знаење“, вели коавторот на студијата, Томас Вотерс од институцијата Смитсонијан. Докази за таквите месечеви потреси биле забележани од астронаутите што користеле сеизмометри во мисиите меѓу 1969 и 1977 година, а новата студија дава попрецизни детали за карактерот на овие потреси.

Како резултат на тоа, сега илјадници карпи ја шараат површината, а при слетувањето во 1972 година астронаутите мораа да се движат цик-цак со својот ровер над една таква стрмнина наречена Ли-Линколн.

Колку и да се намалува месечината, тоа не е многу - таа станала околу 45 метри „послаба“ во последните неколку стотици милиони години, вели НАСА. 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе