Месечината мистериозно 'рѓосува и покрај тоа што нема воздух и течна вода

Пред најавените неколку нови мисии кон Земјиниот природен сателит, истражувачите откриле бизарна и неочекувана аномалија на неговата површина: Месечината: Месечината, на која нема воздух и течна вода, 'рѓосува.

Корените на чудното откритие датираат од 2008 година, кога орбитерот Чандрајаан-1 на Индиската организација за вселенско истражување ја испита површината на Месечината и откри воден мраз.

Дури неодамна, Шуаи Ли од Универзитетот во Хаваи и неговите колеги истражувачи во податоците открија траги што одговараат на железен оксид, хематит, форма на 'рѓа за која обично е потребно присуство на кислород и вода.

„Многу е збунувачко“, рече Ли. „Месечината е ужасна средина за формирање хематит“.

За да 'рѓоса железото, потребен му е оксидизатор, но благодарение на соларниот ветер од сонцето, лунарната површина е бомбардирана со водород, чиста спротивност на оксидизатор, познат како редуктор, кој додава електрони наместо да ги одзема од материјалите со кои стапува во контакт.

Истражувачите сметаат дека количествата на трагите кислород на Месечината всушност се исфрлаат од Земјината атмосфера, носени од поширокото магнетно поле на планетата познато како магнетоопашка, низ околу 385.000-те километри до Месечината.

Магнетоопашката исто така може да објасни зошто водородот од соларните ветрови не спречува да се формира 'рѓа: додека Месечината поминува низ магнетоопашката за време на одредени делови од својата орбита, таа е привремено заштитена, што ѝ дава кратка шанса за формирање 'рѓа.

Истражувачите сугерираат и дека малите парченца воден мраз на површината на Месечината се активирале во контакт со супербрзите честички прашина, по што се измешале со железото во почвата и ја создале месечинската 'рѓа.

Овој претпоставен модел за формирањето 'рѓа може да го објасни присуството на хематит и на други објекти како астероидите, но потребно е повеќе истражување, предупредуваат Ли и неговиот тим.

Разбирањето на огромните комплексности на површината на Месечината е клучно за иднината на истражувањето и потенцијалното населување луѓе, кое во некоја форма ќе почне во 2024 година со мисиите на НАСА Артемис.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе