По успешното лансирање

Маск го задева шефот на руската агенција: „Трамбулината функционира!“

Илон Маск, основачот на Спејсекс, кој во саботата со својата ракета од Флорида испрати двајца астронаути во вселената, му одговори на шефот на руската вселенска агенција, кој пред шест години ја исмеваше неспособноста на Америка за вселенски летови со екипаж.

Во 2014 година, во време на тензии меѓу двете земји, кога Москва се закануваше дека ќе ја прекине вселенската соработка со Вашингтон, Дмитриј Рогозин изјави дека на американските астронаути можеби ќе им треба „трамбулина“ за да стигнат до ИСС.

„Трамбулината функционира!“, му одговори вчера Илон Муск на прес-конференција со директорот на НАСА, Џим Брајденстин, по успешното полетување на ракетата на неговата компанија.

„Тоа е интерна шега“, додаде 48-годишниот претприемач додека обајцата се смееја.

По ова лансирање Спејсекс стана првата приватна ракетна компанија што однела луѓе во орбитата.

Изјавата ги „запали“ руските социјални мрежи, со потсмевање кон Дмитриј Рогозин. Името на шефот на руската вселенска агенција дури стана „трендовско“ на Твитер во Русија.

По лансирањето на фалкон 9, Рогозин беше сомнително тивок, но неговиот портпарол беше принуден да реагира.

„Всушност не ја разбираме хистеријата предизвикана со успешното лансирање на капсулата Кру драгон (на вчера лансираната американска ракета)“, напиша Владимир Устименко на Твитер.

„Се случи она што едноставно требаше да се случи многу одамна“, додаде тој.

Сергеј Крикалев, извршниот директор на Роскосмос за вселенски програми со екипаж, им честита на САД за лансирањето.

„Би сакал да им честитам на своите американски колеги“, изјави во видеоснимката објавена на Твитер космонаутот Крикалев.

Успешното лансирање на ракетата „Спејсекс“ може да се гледа како удар врз Русија, која со години, сè до саботата, беше единствената што може да испраќа луѓе на ИСС уште од 2011 година и укинувањето на американската програма „Спејс шатл“.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе