Во античко време

Марс имал подземен воден систем широк колку целата планета

Научниците го открија првиот геолошки доказ за систем од древни меѓусебно поврзани подземни езера на Марс. Пет од езерата може да содржат минерали што се клучни за животот.

Една нова студија открива дека Марс во античко време имал подземен воден систем низ целата планета, потврдувајќи го она што досега беше само теорија, благодарение на орбитерот Марс Експрес Европската вселенска агенција (ЕСА).

„Раниот Марс бил воден свет, но како што климата на планетата се менувала, така оваа вода се повлекла под површината за да формира басени и 'подземни води'“, вели главниот автор Франческо Салезе. „Одевме по трагите на оваа вода во нашата студија, бидејќи нејзиниот обем и улога се тема на дебата, и го пронајдовме првиот геолошки доказ за систем од подземни води на Марс широк колку целата планета“.

Научниците испитувале 24 длабоки затворени кратери во северната хемисфера на Марс, кои имале длабочина од 4.000 метри под „марсовското морско ниво“. Биле откриени подови што содржат особини што можело да се создадат само од вода, како што се долините и каналите на ѕидовите на кратерот и мрачните делти за кои се верува дека се формирале кога нивоата на водата растеле и паѓале.

„Овие езера можело да постојат пред околу 3,5 милијарди години, па можеби биле современици на океанот на Марс“, вели коавторот Јан Габриеле Ори, објаснувајќи дека подземните езера најверојатно биле поврзани со океанот, за кој се верува дека постоел пред 3-4 милијарди години.

Истражувачите се возбудени поради откривањето минерали во пет од езерата, вклучувајќи глини, карбонати и силикати. Ова откритие оди во прилог на теоријата дека на Марс во некоја фаза имало живот.

Објавено

Петок, Март 1, 2019 - 17:26

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе