Мајкрософт потопи 864 сервери во Атлантскиот Океан (ВИДЕО)

Мајкрософт е во потрага по што поефикасно ладење на своите сервери и создаде подводен центар за обранотка на податоците кој го потопи во Атлантскиот Океан, покрај шкотскиот брег.

Имено, информациските центри се озлогласени поради големото количество топлина што го произведуваат со својата енергетски исцрпна работа, поради што интернет провајдерите често ги сместуваат во постудените земји за да заштедат на сметките за ладење.

Мајкрософт сега реши да ја испроба новата, револуционерна метода на ладење под вода, со која експериментира во последните пет години. Претходно потопи информациски центар покрај брегот на Калифорнија на пет месеци во 2015 година.

Новиот информациски центар кој е сместен на дното на Атлантскиот Океан покрај брегот на Шкотска содржи дури 864 сервери на кои се достапни 27,6 петабајти меморија. Тоа е, како што пишува Верџ, доволно за чување околу пет милиони филмови, а центарот има компјутерска сила од неколку илјади врвни персонални компјутери.

Центарот ќе остане на дното на Атлантикот во следните пет години, а го придвижуваат подводен кабел и обновлива енергија од блискиот остров Оркни.

Проектот е наречен Натик, а Мајкрософт се надева дека преку експериментот ќе добие корисни информации за неговиот дизајн и оперативните трошоци за да дознае дали овој тип информациски центар може да влезе во широка примена низ светот.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе