Мајкрософт ќе го депонира отворениот код во бункер, кој ќе го заштити од крајот на светот (ВИДЕО)

Покрај познатиот Свалбардски глобален магацин за семки во Норвешка се наоѓа напуштен рудник на јаглен во кој од апокалипсата ќе се чуваат поинакви видови на ресурси: целиот Гит Хаб софтвер на отворен код. Гит Хаб е во сопственост на Мајкрософт кој го купи минатата година за 7,5 милијарди долари.

Ако ни се случи крај на светот, што или кој и да преживее ќе може да пристапи и да го користи софтверот кој стои зад денешните модерни технологии.

Во Арктички светски архив отворен од 2017 година се чуваат разни дигитални снимки: Ватиканската архива, филмови или што било друго што се смета вредно за чување, пишува Фјучуризм.

На овие вредности наскоро ќе им се приклучи придонесот на Гит Хаб, односно копија на речиси целиот софтвер на отворен код во светот која ќе може да се прегледува само со лупа.

Често на заедницата на отворениот код се гледа како на маргинална група чудаци или техно идеалисти, но голем дел од дигиталната структура која секој ден ја користиме зависи токму од тој јавно достапен софтвер. Од него, на пример, зависат Фејсбук, Гугл и Амазон.

Може некој да се потсмева со идејата на Гит Хаб за зачувување на податоците, но ако некој ден дојде до природна катастрофа која ќе ги уништи сите хард дискови, тој архив ќе се покаже исклучително корисен.

Гит Хуб отворениот код во Арктичкиот светски архив треба да го депонира на 2 февруари 2020. Податоците ќе бидат зачувани на филмски ролни долги 3.500 метри. Станува збор за специјални материјал и технологија и векот на тие ролни би требало да биде 500 години.

Компанијата дури истакна дека „симулираните тестови на стареење покажуваат дека филмските ролни би требало да траат двојно подолго“ и дека податоците би можеле да бидат зачувани цел милениум.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе