Магнетното поле на Земјата, клучно за целиот живот, може да е во опасност од „јадрото што протекува“

Научниците што го проучуваат јадрото на Земјата, кое е од витално значење во нашата заштита од опасните високоенергетски честички од вселената, сметаат дека тоа не само што протекува, туку дека тоа трае околу 2,5 милијарди години.

Додека причината за истекувањето останува непозната, исто како и последиците врз магнетното поле на Земјата, научниците се чини дека ја решиле повеќедецениската дебата околу тоа дали Земјиното јадро и плаштот разменуваат материјал или не.

Јадрото е составено од железо и никел и има елементи како платина, злато и волфрам. Достигнува температури од 5.000 Целзиусови степени, а многумина веруваат дека тоа е одговорно за до 50 проценти од вулканската топлина што се пушта низ планетата.

Истражувачите, од француски, канадски, американски и австралиски универзитети, пронајдоа понови планини и карпи на површината на Земјата, во кои се наоѓаат изотопи од волфрам, кои обично се наоѓаат во надворешното јадро, но не и подалеку. Како резултат на тоа, тимот претпоставува дека таканаречените „плаштови облаци“ го донеле материјалот од јадрото на површината. Немаше докази за протекување пред ова ново откритие.

Импликациите од истражувањето сè уште се нејасни. Сепак, знаеме дека цврстиот дел од јадрото што се врти е одговорен за магнетосферата на Земјата, која нè штити од нестабилните честички што фрштат низ вселената. Научниците веруваат дека течниот дел од јадрото полека се зацврстува и ова најново истражување може да даде уникатен увид и во еволуцијата на јадрото на Земјата, и во потеклото на нашата мошне важна магнетосфера.

Истражувањето беше објавено неодамна во Џиокемикал перспектив летерс.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе