Нова студија

Луѓето немало да постојат ако астероидот што ги уништил диносаурусите не погодел баш на тоа место (ВИДЕО)

Катастрофалниот удар на астероидот што ги збришал диносаурусите пред 66 милиони години можеби немало да биде толку разорен ако се случел на речиси кое било друго место на Земјата. Тоа значи дека диносаурусите ќе можеле сè уште да владеат на Земјата и луѓето никогаш немало да можат да еволуираат.

Така вели новото истражување на јапонските научници Кунио Каихо и Нага Ошима, кои ги објавија своите наоди во четвртокот во списанието Саентифик рипортс. Тие велат дека ударот на астероидот, познат како „удирач Чиксулуб“, кој погодил во она што тогаш било плитко море во денешно Мексико, немало да биде толку разорувачки ако се случел на 87 проценти од другите места на планетава.

Приближно 10 километри широкиот астероид создал кратер поголем од 176 километри кога удрил во нашата планета. Судирот ослободил повеќе енергија од 1 милијарда детонации на атомските бомби што ги уништија Хирошима и Нагасаки на крајот на Втората светска војна.

Како резултат на тоа, повеќе од 75 проценти од сите копнени и морски животни, од кои најпознати се диносаурусите, биле збришани. Огромни количества пепел, саѓи и прашина биле исфрлени во атмосферата, блокирајќи дури 80 проценти од скапоцената сончева светлина да стигне до површината на планетата.

Двајцата научници веруваат дека клучната состојка во истребувањето се саѓите, кои биле произведени кога ударот ги запалил карпите преполни со јаглеводородни молекули, како што е нафтата. Сепак, количеството на јаглеводороди во карпите варира во зависност од нивната локација.

Имајќи го ова предвид, тимот тргнал да анализира места на Земјата каде што карпите имаат висок процент јаглеводородни молекули. Тие откриле дека на само околу 13 проценти од планетата има таква средина, што во суштина значи дека диносаурусите биле баксузи астероидот да погоди во таква област богата со јаглеводороди.

„Катастрофалниот синџир од настани можело да се случи само ако астероидот погодил области богати со јаглеводороди, кои зафаќаат околу 13 проценти од површината на Земјата“, напишаа научниците во универзитетското соопштение за печатот.

Предводени од професорот Каихо, истражувачите дошле до својата хипотеза пресметувајќи го количеството саѓи во стратосферата и проценувајќи ги климатските промени предизвикани од саѓи користејќи глобален климатски модел развиен во Институтот за метеоролошки истражувања. Резултатите се значајни затоа што го објаснуваат моделот на истребување и опстанок.

За време на студијата, Каихо сметал дека количеството саѓи и температурната аномалија можеби влијаеле врз количеството седиментна органска материја. Тој го анализирал количеството седиментна органска материја на Земјата за да добие отчитување на температурна аномалија предизвикана од саѓи во стратосферата.

Нага Ошима од Институтот за метеоролошки истражувања ги раководел пресметките на глобалниот климатски модел за да добие температурни аномалии предизвикани од различни количества саѓи инјектирани во стратосферата.

Каихо ја разјаснил врската помеѓу наодите и заклучил дека значајниот настан на ладење и масовно уништување можел да се случи само ако астероидот погодил површини богати со јаглеводороди, кои зафаќаат околу 13 проценти од површината на Земјата (портокаловите области на сликата).

Ако астероидот погодел ниско до средно јаглеводородна површина на Земјата (која зафаќа околу 87 проценти од Земјината површина), немало да се случи масовното истребување, а мезозојскиот биом веројатно ќе останел и по Границата креда/палеоген, односно преодот што настанал како резултат на ударот.

Според студијата, саѓите од областите богати со јаглеводороди предизвикале глобално ладење од 8-11 Целзиусови степени и ладење на копното од 13-17 степени. Тоа предизвикало и намалување на врнежите за околу 70-85 проценти на копното и намалување на температурата на морската вода од околу 5-7 степени на 50 метри длабочина, што доведело до масовно истребување на животни форми, вклучувајќи ги и диносаурусите и амонитите.

Во тоа време, овие области богати со јаглеводороди биле морските крајбрежја, каде што продуктивноста на морските алги генерално била висока, а седиментните карпи биле густо наталожени. Затоа, овие области содржеле големо количество органска материја, од која дел станале саѓи од топлината на ударот на астероидот.

Така, истражувачите заклучиле дека ударот Чиксулуб се случил во област богата со јаглеводороди и е редок случај на масовно истребување предизвикано на такво место на удар. Местото на ударот на астероидот ја променил историјата на животот на Земјата, што сепак, е добра работа за човештвото, бидејќи инаку веројатно ние воопшто немало да еволуираме.

Каихо и Ошима прават и понатамошни студии за да ја разјаснат зачестеноста на сите настани на ладење по удари.

Тимот на Каихо ги анализира климатските промени предизвикани од големи вулкански ерупции што можеби придонеле за други масовни исчезнувања. Надежта е дека резултатите ќе доведат до понатамошно разбирање на процесите зад овие масовни исчезнувања.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе