Ловецот на егзопланети на НАСА ја најде својата прва населива земјолика планета

Наречена ТОИ 700д, планетата е најновата во низата потенцијално населиви планети со големина на Земјата најдени низ галаксијата.

Транзитниот пребарувачки егзопланетарен сателит (ТЕСС) на НАСА ја откри својата прва планета со големина на Земјата во населивата област на нејзината ѕвезда, каде што има совршени услови за постоење на течна вода, а со тоа и на живот.

Наречена ТОИ 700д, планетата е најновата во низата потенцијално населиви планети со големина на Земјата најдени низ галаксијата.

Тоа е најоддалечената планета најдена во орбитата околу ТОИ 700, мала, студена џуџеста ѕвезда, која се наоѓа на нешто повеќе од 100 светлосни години оддалеченост во јужното соѕвездие Дорадо и има приближно 40% од масата и големината на Сонцето и околу половина од температурата на неговата површина.

Планетата е за околу 20 проценти поголема од Земјата, ја заокружува својата орбита на секои 37 дена и од својата ѕвезда добива 86% од енергијата што Сонцето ѝ ја дава на Земјата.

„ТЕСС беше дизајниран и лансиран специјално за пронаоѓање планети со големина на Земјата што орбитираат околу околните ѕвезди“, рече Пол Херц, директор на одделот за астрофизика во седиштето на НАСА во Вашингтон. „Планетите околу блиските ѕвезди најлесно се следат со поголеми телескопи во вселената и на Земјата. Откривањето на ТОИ700д е клучно научно откритие на ТЕСС.“

ТЕСС следи големи делови од вселената, наречени сектори, истовремено во текот на 27 дена. Овој долг период на набљудување му овозможува на сателитот од наша перспектива да ги следи промените во осветленоста на ѕвездата предизвикани од преминувањето на планетата што орбитира околу неа, настан наречен транзит.

Иако точните услови на ТОИ700д не се познати, тим истражувачи во Годард-центарот на НАСА ги користеле информациите што се познати, како што се големината на планетата и видот на ѕвездата околу која орбитира, за да генерираат серија компјутерски модели и да направат предвидувања.

Една симулација открила свет покриен со океан опкружен со густа атмосфера во која доминира јаглерод диоксид, слично на условите што научниците сметаат дека ги имал Марс кога бил млад. Друг модел ја прикажува ТОИ700д како верзија на модерната Земја без облаци и цела со копно.

„Возбудливо е затоа што, без оглед што откриваме за планетата, тоа ќе изгледа сосема поинаку од она што го имаме тука на Земјата“, рече Габриел Енглеман-Суиса, водач на тимот за компјутерско моделирање.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе