Летот на Аполо 12: Фотографии од пред точно 50 години

На 14 ноември 1969 година астронаутите на НАСА Чарлс Конрад Јуниор, Ричард Ф. Гордон Јуниор и Алан Л. Бин летнаа кон вселената во огромната ракета Сатурн 5, во втората мисија во која луѓе слетаа на Месечината.

Само четири месеци по историската мисија „Аполо 11“, членовите на екипажот „Аполо 12“ со голема прецизност го спуштија својот лунарен модул во Океанус Прокеларум (Океан На Бурите), слетувајќи на кратко растојание од едно друго вселенско летало на НАСА - лендерот по име Сурвејор 3, кој беше на Месечината од април 1969.

Во текот на повеќе од цел еден Земјин ден, Конрад Јуниор и Бин шетаа по лунарната површина, правејќи две екскурзии надвор од леталото, што на крај излезе скоро осумчасовно шетање по Месечината. Беа распоредени научни инструменти, беа собрани примероци од земја и карпи, а беа земени и делови од Сурвејор 3 заради научно истражување. Екипажот безбедно се врати дома на 24 ноември 1969 година, плуснувајќи во Пацификот.

 

1. Тројцата астронаути што НАСА ги назначи како главен екипаж на слетувањето на Аполо 12 на Месечината, фотографирани во септември 1969 година. Од лево кон десно: Чарлс Конрад Јуниор, Ричард Ф. Гордон Јуниор и Алан Л. Бин.

 

2. Членовите на екипажот за Лунарни надворешни активности (ЕВА) на „Аполо 12“ Чарлс Конрад Јуниор и Ал Бин симулираат активност на лунарната површина како подготовка за својата лунарна мисија, на тренинг-сесија одржана во Зградата за обука на екипажи за летање во вселенскиот центар Кенеди.

 

3. Тројцата членови на екипажот на мисијата „Аполо 12“ се брифираат на Наоѓачот на моторни пловила на НАСА, како подготовка за тренинг за излегување од вода во Мексиканскиот Залив. Напред, одлево кон десно, се астронаутите Ричард Ф. Гордон Јуниор, пилот на команден модул; Чарлс Конрад Јуниор, командант; и Алан Л. Бин, пилот на лунарен модул. Два члена на персоналот за обука стојат во заднината.

 

4. Лунарниот модул 6, наменет за лунарната мисија „Аполо 12“, е преместен на интегративен штанд во Зградата за операции на летала со човечки екипаж во вселенскиот центар Кенеди, на 23 јуни 1969 година.

 

5. Поглед надолу врз Лансирниот комплекс 39 во вселенскиот центар Кенеди. Сликата го прикажува вселенското летало „Сатурн 507“ од Аполо 12, кое ја напушта Зградата за склопување возила, на пат кон Рампата А на 8 септември 1969 година.

 

6. Откако се облекле, астронаутите на Аполо 12 се упатуваат кон комбито што ќе ги однесе до Лансирниот комплекс 39А и ќе полетаат кон Месечината, на 14 ноември 1969 година.

 

7. Персоналот на своите места во Контролната соба 2 во Центарот за контрола на лансирањата ги следи предлансирните активности пред полетувањето на Аполо 12, во вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

 

8. За време на лансирањето на вселенскиот лет на Аполо 12, Џуди Егњу (лево), сопруга на потпретседателот Спиро Егњу, разговара со сопругите на астронаутите Сју Бин (во средина) и Валери Андерс (десно) во Хјустон, Тексас, на 14 ноември 1969 година.

 

9. Томас Пеин, администратор на НАСА, ја штити од дожд првата дама, Пат Никсон, додека претседателот Ричард Никсон и ќерката Тришија (напред) ги гледаат активностите пред лансирањето на Аполо 12 во вселенскиот центар Кенеди. По успешното полетување, претседателот му честиташе на екипажот од контролниот центар.

 

10. Вселенското летало Сартун V на Аполо 12, високо 110 метри, е лансирано од Рампата А, Лансирен комплекс 39, во 11:22 часот по источно време, на 14 ноември 1969 година. Во леталото беа астронаутите Чарлс Конрад Јуниор, командант; Ричард Ф. Гордон Јуниор, пилот на команден модул, и Алан Л. Бин, пилот на лунарен модул.

 

11. Поглед кон Земјата фотографиран од вселенското летало „Аполо 12“ околу три и пол часа откако полета на 14 ноември 1969 година

 

12. Лунарниот модул Аполо 12, сè уште прикачен на третата фаза на Сатурн V, е фотографиран од гледна точка на командниот и сервисeн модул (ЦСМ) на првиот ден од лунарната мисија Аполо 12. Оваа фотографија е направена по одвојувањето на ЦСМ од лунарниот модул и пред извлекувањето на лунарниот модул од третата фаза на Сатурн V.

 

13. Поглед наназад кон Земјата од патот кон месечината.

 

14. Траги на „извалканото“ стакло на вратата, гледано од внатрешноста на Аполо 12 набргу по напуштањето на Земјината орбита.

 

15. Земјата, гледана низ трагите на извалканото стакло.

 

16. Поглед од висина кон кратерот Циолковски (во центарот на хоризонтот) на темната страна на месечината, фотографирано од лунарната орбита за време на мисијата Аполо 12.

 

17. „Изгревање“ на Земјата, гледано од лунарната орбита за време на Аполо 12.

 

18. Поглед надолу кон нерамната површина на Месечината од орбитата.

 

19. Лунарниот модул Аполо 12, во конфигурација на лунарно слетување, е фотографиран во лунарната орбита од командниот и сервисен модул. Најголемиот кратер во преден план е Птоломеј. Во лунарниот модул се наоѓаат астронаутите Чарлс Конрад Јуниор, командант, и Алан Л. Бин, пилот на лунарен модул.

 

20. На Месечината, астронаутот Чарлс Конрад Јуниор излегува од лунарниот модул за да ја почне првата прошетка надвор од леталото.

 

21. Астронаутот Алан Л. Бин се симнува по скалата на лунарниот модул за да му се придружи на астронаутот Чарлс Конрад Јуниор.

 

22. Астронаутите го носат пакетот „Аполо лунарни површински експерименти“ (АЛСЕП) до местото за распоредување.

 

23. Астронаутот Алан Л. Бин држи посебен сад со примерок од лунарна почва собрана за време на прошетка. Одразот на Чарлс Конрад Јуниор, кој ја направил оваа слика, се гледа во визорот на шлемот на Бин.

 

24. Поглед од поблиску на одразот на Чарлс Конрад Јуниор, виден во стаклото на шлемот на Алан Бин.

 

25. Активностите во Контролната соба за операции на мисијата во Контролниот центар на мисијата, Зграда 30, за време на Аполо 12, 19 ноември 1969 година. Во времето кога била направена оваа слика, на телевизија се емитувала првата прошетка  надвор од леталото на Аполо 12 од површината на Месечината.

 

26. Композитна панорама што го прикажува астронаутот Алан Бин како работи на Модуларната опрема (МЕСА) на лунарниот модул Аполо 12 за време на првата прошетка надвор од леталото во мисијата, 19 ноември 1969 година.

 

27. Оваа слика, направена преку врвот на поставената Централна станица АЛСЕП кон магнетометарот, ја покажува антената на Централната станица.

 

28. Астронаутот Чарлс Конрад Jуниор стои покрај знамето на Соединетите Држави, откако било одмотано на лунарната површина за време на првата прошетка надвор од леталото на 19 ноември 1969 година.

 

29. Оваа необична глетка покажува две вселенски летала на НАСА на површината на Месечината. Во центарот на преден план е беспилотното летало Сурвејор 3, кое е спуштено на лунарната површина на 19 април 1967 година. На само 180 метри оддалеченост од Сурвејор 3, кое тука се гледа во заднината, е лунарниот модул Аполо 12, кој слета на лунарната површина на 19 ноември 1969 година. Оваа фотографија е направена следниот ден, за време на втората прошетка надвор од леталото Аполо 12.

 

30. Астронаутите ја отстранија телевизиската камера и неколку други парчиња од Сурвејор 3 и ги вратија на Земјата за научно истражување. Тука, Конрад ја разгледува ТВ-камерата на Сурвејор пред да ја откачи.

 

31. Поглед одблиску кон подножјето на вселенското летало „Сурвејор 3“ и кон трагите на лунарната површина од вселенското летало што отскокнувало за време на слетувањето седум месеци претходно.

 

32. Астронаут на Аполо 12 се оддалечува од кратер за време на втората прошетка надвор од леталото.

 

33. Упатени кон дома, астронаутите ја фотографирале месечината на патот назад кон Земјата.

 

34. Мошне тенка, полукружна Земја, гледана од командниот и сервисен модул на Аполо 12, додека вториот екипаж на НАСА што слета на месечината се враќаше дома во ноември 1969 година. Светлината во аголот на фотографијата е блесок од леќата предизвикан од сончевата светлина што се одразува на прозорецот и од леќата на рачната камера Хаселблад.

 

35. Командниот модул „Аполо 12“ се приближува кон плуснувањето во Тихи Океан, со што ќе заврши втората мисија на слетување на месечината на 24 ноември 1969 година, во близина на американска Самоа.

 

36. Астронаутот Алан Л. Бин излегува од командниот модул „Аполо 12“, со помош на пливач од Тимот за подводно уништување, на морнарицата на САД, за време на операциите за извлекување од Тихи Океан.

 

37. Членовите на екипажот на мисијата „Аполо 12“ разговараат со своите семејства од внатрешноста на „Мобилниот објект за карантин“ веднаш по нивното пристигнување во воздухопловната база „Елингтон“ со транспортниот авион Ц-141 на американските воздушни сили во раните утрински часови на 29 ноември 1969 година.

Објавено

Сабота, Ноември 23, 2019 - 21:02

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе