Од Калифорнија

Летна најголемиот авион во светот (ВИДЕО)

Најголемиот авион во светот според распонот на крилјата летна вчера над пустината Мохаве во Калифорнија.

Авионот, изграден од Стратолонч, е дизајниран да служи како лансирна рампа за сателити.

Неговиот распон на крила изнесува 117 метри, а на својот прв лет авионот достигна брзина од околу 274 километри на час и висина од 4.572 метри.

Идејата е авионот да одлета на 10 километри висина пред да ги лансира сателитите во орбитата.

Овој проект е поевтин начин да се лансираат објекти во вселената отколку на ракети лансирани од земјата.

Пилотот Еван Томас им изјави на новинарите дека искуството е „фантастично“ и дека „во најголем дел, авионот леташе според предвидено“.

 

Според неговата веб-страница, целта на Стратолонч е да „го направи пристапот до орбитата вообичаена работа, како што е денешното качување на комерцијален авионски лет“.

Компанијата на британскиот милијардер Ричард Бренсон, Вирџин Галактик, исто така разви летало што лансира ракети во орбитата од голема висина.

Стратолонч го опишува своето летало како „најголемиот авион во светот“, но има авиони што се подолги од носот до опашот.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе