Во потрага по тајните на Сончевиот систем

Леталото на НАСА го допре астероидот Бену (ВИДЕО)

Вселенското летало се обиде да вшмука камења и прашина од астероидот, што може да помогне во способноста на човештвото да пренасочи некој астероид што во иднина би можел да удри во Земјата.

Фото: НАСА

Роботот на НАСА вчера го допре астероидот Бену и собра примерок од прашина и камења, материјал што може да им даде на научниците нови сознанија за раѓањето на Сончевиот систем.

Од првите впечатоци снимени од 200 милиони км далечина од Земјата, вселенското летало ОСИРИС-РЕКС совршено ја собра својата колекција од парчиња од астероидот, карпа богата со јаглерод позната како Бену. Потоа се повлече и се врати назад кон орбитата.

„Нестварно“, рече неколку моменти подоцна Данте Лаурета, главниот истражувач на мисијата. „Мислам, не можам да поверувам дека навистина го остваривме ова“.

Ќе бидат потребни уште неколку дена пред научниците целосно да прогласат успех. Во моментов, тие можат само да кажат дека леталото ги извршило своите упатства точно така како што биле програмирани. Она што сè уште не е познато е колку материјал всушност е собран. Научниците се надеваат на барем шеесетина грама, но механизмот за земање примероци може да издржи до два килограми.

Доколку леталото успеало во својата цел да вшмука камења и прашина од површината на астероидот, тоа може потенцијално да ги отклучи тајните за тоа каков бил Сончевиот систем кога првпат се формирал пред 4,5 милијарди години.

„Астероидите се како временски капсули што лебдат во вселената, што можат да дадат фосилни записи за раѓањето на нашиот Сончев систем“, рече Лори Глејз, директор на одделот за планетарни науки во НАСА, на прес-конференцијата во понеделникот.

Многу астероиди - вклучувајќи го и Бену - минуваат низ орбитата на Земјата и некогаш може да се судрат со нашата планета. Подеталното сфаќање на овие вселенски карпи, кои се среќаваат во повеќе типови, би можело да помогне во способноста на човештвото да пренасочи астероид што во иднина би можел да удри во Земјата.

ОСИРИС-РЕКС е кратенка од Истражувач на потеклото, спектралното толкување, идентификација на ресурсите, безбедноста, реголитот.

Роботското вселенско летало беше лансирано во септември 2016 година и пристигна на Бену во декември 2018 година. Оттогаш, тој го набљудува и снима астероидот, дури и документирајќи како исфрла остатоци од својата површина во вселената.

Кратко пред пладнето, контролорите на мисијата во Локид Мартин спејс во Литлтон, Колорадо, му ги пратија командите на леталото, со што почна неговото спуштање кон астероидот. Се движеше со околу 300 метри на час, стабилно приспособувајќи го своето движење за безбедно да дојде до површината. Со својата продолжена рака неколку секунди ја допираше површината на вселенската карпа пред да се повлече во безбедна орбита.

Под претпоставка дека собрала соодветен примерок, сондата ќе може да го спакува за враќање на Земјата, што треба да се случи во 2023 година.

Ако не, тимот на мисијата ќе мора да го конфигурира Осирис-Рекс за уште една посета.

Обидот на вселенското летало да земе примерок беше извршен на тесна област на северниот дел на Бену, наречена Најтингејл.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе