Топло добредојде од астронаутите

Леталото на Спејсекс стигна и беспрекорно се прикачи на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Тричлениот екипаж на Меѓународната вселенска станица му посака топло добредојде на првото вселенско летало на Спејсекс, Кру драгон, (и на неговиот лажен астронаут „Рипли“) за да го одбележи беспрекорното пристигнување од најновиот американски вселенски брод.

Безекипажната капсула на Спејсекс утрово (3 март) влезе во историјата кога се прикачи на вселенската станица, со што стана првото комерцијално возило за екипаж што некогаш ја посетило оваа лабораторија во орбитата и првото што е лансирано во орбитата од територијата на САД по вселенскиот шатл на НАСА Атлантис во 2011 година. Кру драгон се прикачи на вселенската станица претпладнево во 11:51 часот, околу 27 часа откако беше лансиран од вселенскиот центар Кенеди на НАСА, на ракетата Спејсекс Фалкон 9.

Откако Кру драгон самостојно се прикачи на модулот Хармони, екипажот на Експедицијата 58 - космонаутката на НАСА Ен Меклејн, канадскиот астронаут Дејвид Сен Жак и рускиот космонаут Олег Кононенко - ја отворија вратата кон вселенското летало во 14:07 часот.

Заедно со астронаутот полн со сензори наречен Рипли, Кру драгон однесе и кадифена кукла „Ерт“ за да служи како „индикатор за нула гравитација“ и повеќе од 180 килограми намирници за екипажот на Експедиција 58.

„Рипли и Ерт изгледаат како да уживале во патувањето до тука“, ѝ рече Меклејн на контролата на мисијата додека астронаутите ја отвораа вратата.

Сен Жак и Кононенко беа првите што влегоа во Кру драгон по отворањето на вратата. Како мерка на претпазливост, обајцата носеа маски со кислород додека вршеа мерења на атмосферата со инструменти. Откако утврдија дека воздухот во внатрешноста на Кру драгон е безбеден, ја отворија вратата и дозволија тој да се измеша со воздухот во вселенската станица.

„За тимот на Спејсекс глетката на астронаути од ИСС во капсулата е неверојатна“, рече инженерот на Спејсекс, Том Прадерио, за време на преносот во живо од отворањето.

Околу пет часа откако Кру драгон се прикачи на вселенската станица, екипажот на „Експедиција 58“ одржа свечена церемонија за добредојде, во која ги пофалија успесите на комерцијалната програма со екипаж на НАСА и емитуваше видеотурнеја во живо на новиот додаток во нивниот дом.

„Ова е убав ден - првиот ден од новата ера за следната генерација на вселенски истражувачи“, рече Сен-Жак за време на преносот во живо на церемонијата на пречек. „Нашите искрени честитки до сите Земјани што го овозможија отворањето на ова следно поглавје во истражувањето на вселената“, додаде Меклејн.

Кру драгон ќе помине околу пет дена закачен на вселенската станица пред да се упати кон Земјата за последната фаза од својот прв пробен лет. Предвидено е да падне во Атлантски Океан во 14:45 часот по слетувањето помогнато со падобран.

Ако враќањето на Кру драгон помине исто толку лесно како и лансирањето и прикачувањето, Спејсекс планира летово да почне да лансира живи, луѓе-астронаути на Меѓународната вселенска станица.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе