Летачки Французин успешно го прелета Ламанш на ховерборд (ВИДЕО)

Французинот Франки Запата, кој со ховербордот наречен „флајборд“  полета од местото Сангат на северот на Франција, успеа за малку повеќе од 20 минути, во вториот обид, да го прелета каналот Ламанш.

Запата, по краткото слетување на еден брод за својот изум да го дополни со керозин, стигна до англискиот брег Сент Маргарет. Прелета околу 35 километри, а леташе на 15 до 20 метри над водата.

„Сѐ помина добро. И покрај тоа што беше комплицирано поради краткото слетување, ја видов Англија кон која се приближував и не мислев на нозете кои ме болеа“, кажа Запата по слетувањето и додаде дека летал со брзина од 160 до 170 километри на час.

40-годишниот Запата, поранешен светски шампион на воден скутер, во првиот обид падна во морето бидејќи требаше да се спушти на брод и резервоарот на своето летало да го наполни со гориво по 20 километри лет.

За тој обид мораше да направи нова, прилагодена верзија на својот ховерборд. Направата ја продава неговата компанија за опрема за водени спортови. Се полни со керозин од ранецот кој се носи на грбот, а стапалата се прицврстени на леталото.

Запата на 14 јули за време на парадата на францускиот национален празник Денот на падот на Бастилја со „флајбордот“ прелета неколку десетици метри над Елисејските полиња во Париз и ги воодушеви гледачите.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе