Артемис

Лансирањето на ракетата на НАСА повторно откажано

Американската вселенска агенција мораше да го одложи лансирањето на својата нова ракета Артемис I вторпат за една недела.

Фото: ЕПА

Новата ракета на американската вселенска агенција, која требаше да биде тестирана попладнево по локално време, доживеа неуспех, бидејќи од одделот на моторите на дното на ракетата почнало да истекува водородното гориво.

Кога виделе дека горивото почнало да истекува од моторниот простор на дното на ракетата, НАСА ја прекинала операцијата, додека инженерите се обидувале да ја затнат дупката во отворот.

Системот за вселенско лансирање (СЛС) е најмоќната ракета некогаш развиена од НАСА, а голем дел од огромниот потисок доаѓа од согорувањето на речиси три милиони литри суперладен течен водород и кислород во четирите големи мотори на долната страна на возилото.

Но кога контролорите рано утрово испратиле команда да се наполни резервоарот за водород на ракетата, се вклучил алармот, што укажува дека има истекување.

Било откриено дека проблемот е во врската каде што водородот се впумпува во возилото. Контролорите на повеќе начини пробале да го поправат, но без успех.

Ова е втор неуспешен обид за лансирање на ракетата - претходниот не успеа во понеделникот, кога истече гориво и дојде до дефект на сензорот на моторот.

НАСА сега има уште една можност да ја лансира ракетата в понеделник или вторник. Потоа возилото ќе мора да биде вратено во монтажната зграда на преглед и одржување, што ќе значи дополнителни одложувања.

За време на петнеделните тестови на ракетата, НАСА планира да создаде услови астронаутите до 2024 година да можат да пролетаат околу Месечината, а една година подоцна да слетаат на природниот сателит на Земјата.

Последен пат луѓето биле на Месечината пред 50 години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе