Сибир

Кученце старо 18.000 години најдено извонредно зачувано во вечниот мраз (ВИДЕО)

Кученцето или волчјачето, откриено минатата година во Русија, е невообичаено добро зачувано, со нечепнати коса, заби, мустаќи и трепки.

Руските научници покажаа праисториско куче или волчјаче, за кое се смета дека е старо 18.000 години, пронајдено во вечниот мраз на далечниот исток во земјата.

Откриено минатата година во замрзната кал кај градот Јакутск, кученцето е невообичаено добро сочувано, со непроменета коса, заби, мустаќи и трепки.

„Ова кученце ги има сите екстремитети, крзно, дури и мустаќи. Носот е видлив. Има заби. Можеме да утврдиме, според некои податоци, дека станува збор за машко“, изјави Николај Андросов, директор на приватниот музеј Северен свет во Јакутск, каде што се чуваат останките.

Лав Дален, професор по еволутивна генетика во Центарот за палеогенетика во Стокхолм, кој зел парче коска од кученцето за да ја проучи неговата ДНК, рече дека сè уште не може да се утврди дали тоа е куче или волк.

„Тоа го прави уште поинтересно“, рече Далин.

Во последните години, рускиот далечен исток им дава богати податоци на научниците што ги проучуваат остатоците од античките животни. Како што се топи вечниот мраз, пермафростот, поради климатските промени, се откриваат сè повеќе делови од волнени мамути, кучешки и други праисториски животни. Честопати тие што ги откриваат се ловци во потрага по мамутски заби.

„Зошто во Јакутија последниве децении има голем број вакви уникатни откритија? Прво, тука е глобалното затоплување“, рече Сергеј Фјодоров, научник од Североисточниот федерален универзитет, за Асошиејтед прес. „Тоа навистина постои, ние го чувствуваме и локалното население силно го чувствува. Зимата доаѓа подоцна. Пролетта доаѓа порано“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе