За жал, поради оштетувања на клучни елементи претставува голем безбедносен ризик. Двата кабли кои ги држат инструментите тешки 900 тони над чинијата со обем од 305 метри пукнале на 10 август и 6 ноември, што значително ја загрозило статиката на телескопот.
Како што соопштија од американската организација Национална научна фондација (НСФ), секој обид за поправка би можел да претставува проблем.
Following engineering assessments concluding damage to Arecibo Observatory cannot be addressed without endangering the lives and safety of crew and staff, NSF plans to decommission the 305-meter telescope: https://t.co/En0S7OOhY4 pic.twitter.com/bB70XNud0v
— National Science Foundation (@NSF) November 19, 2020
„Инженерите се загрижени дека и останатите кабли би можеле да пукнат во секој момент, поради што обидот за поправка на веќе оштетените кабли би бил многу опасен потфат“, соопшти НСФ.
Телескопот стана светски славен со филмот „Голденај“ за британскиот таен агент Џејмс Бонд, во кој е местото на главната пресметка на јунакот со главниот негативец.
Тој се појави и во филмот „Контакт“ со Џоди Фостер. Дејството на филмот се однесуваше токму на потрагата по сигнали на вонземјани со помош на овој уред.