Два метри долгата бутна коска пронајдена кај Онжак се смета дека му припаѓала на сауропод, диносаурус кој јадел растенија со долг врат и опашка.
Сауроподите, карактеристични за доцната ера Јура, биле меѓу најголемите копнени животни кои некогаш постоеле.
Палеонтолозите велат дека се изненадени од зачуваноста на коската.
„Можеме да го видиме поврзувањето на мускулите и тетивите и лузните“, изјави Ронан Ален од Националниот историски музеј во Париз за весникот Ле Паризијан.
„Ова е реткост за големи парчиња кои имаат тенденција да се распаднат сами од себе на помали парчиња“.
Таквите диносауруси, кои живееле пред повеќе од 140 милиони години, би тежеле од 40 до 50 тони, изјави Ален за Ројтерс.
Бутна коска на соуропод пронајдена на истото место во 2010 година била долга 2,2 метри и тежела 500 килограми, според локалниот весник Ла Шаренте Либре.