Експедицијата чини 140 милиони евра

Коронавирусот ѝ штети на науката: десетици научници не можат да се приклучат на мисија на Арктикот

Пандемијата на коронавирусот спречи десетици научници да се придружат на истражувачка мисија на Акртикот чија цел е подобрување на моделот за предвидување на климатските промени.

Пред мисијата Мозаик е клучната фаза од истражувањето, но десетици научници се сѐ уште во карантин и чекаат дозвола да се придружат на едногодишната експедиција која чини 140 милиони евра.

Некое време на меѓународната мисија ѝ се закануваше откажување, бидејќи една по една земјите воведуваа забрана за патувања поради избивањето на коронавирусот, што ги расипа плановите за доставување опрема и намирници, и за испраќање на луѓе на германскиот истражувачки брод Поларстерн, кој е неподвижен на Арктикот од септември.

Научникот кој ја проучува атмосферата на Универзитетот на Колорадо Метју Шуп, еден од лидерите на експедицијата Мозаик, наведува дека вестите за пандемијата ги вознемириле луѓето кои лутата арктичка зима ја минале на бродот Поларстерн.

„Некои само сакаа да заминат дома, кај своите семејства“, кажа Шуп за Асошиејтед прес во видео-интервју од германското пристаниште Бремерхафен, каде со уште 90 научници и членови на екипажот е во карантин, за пред патувањето на север да се потврди дека не се заразени со коронавирусот.

Организаторите од Институтот Алфред Вегенер за истражување на Земјините полови и океани успале минатиот месец неколку луѓе од Поларстерн да ги вратат со авион преку Канада.

Остатокот од екипажот ќе биде заменет со помош на два германски истражувачки брода кои со Поларстерн ќе се сретнат на работ на смрзнатата област на Северното Ледено Море.

Поради тоа Поларстерн ќе мора на три недели да ја напушти сегашната позиција, важна за научниците, и тоа во критичното време на промена на годишните времиња на Арктикот.

„На чекор сме од почетокот на сезоната на топење на морскиот мраз и тоа за нас е исклучително важно преодно време. Тоа би можело да се случи без нас, бидејќи бродот може да не биде таму. Тоа ја загрозува нашата задача“, кажа Шуп.

Да не ги пропуштат барем клучните податоци, истражувачите на мразот ќе остават некои инструменти, вклучувајќи кула висока 11 метри со опрема за атмосферски мерења и ќе се надеваат дека ќе ја најдат кога ќе се вратат.

„Мразот би можел едноставно да тргне и да уништи сѐ. Се надеваме дека тоа нема да се случи“, вели Шуп.

Дополнителен проблем е тоа што морскоот мраз почнал да пука и да се движи порано отколку што се очекувало, што е знак за можните идни промени на Арктикот ако продолжи глобалното загревање.

„Тоа е предизвик, но мораме да се соочиме со тоа за да ги извршиме мерењата“, вели американскиот научник.

Научниците веќе собрале драгоцени податоци од септември, кога на Арктикот заминаа 100 истражувачи и екипажи од 17 земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Кина и Британија.

Шуп кажа дека мерењата кои истражувачите успеале да ги спроведат за време на долгата арктичка зима ќе ги подобрат моделите кои ги користат за да пресметаат како снегот го изолира морскиот мраз и влијае на движењето на енергијата.

„Нормално дека во принцип знаеме како тоа функционира, но сега имаме набљудувања кои ќе ни кажат како тоа навистина се случува“, додаде Шуп.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе