Компанија на Илон Маск објави снимка од мајмун кој со мислите управува видеоигра (ВИДЕО)

Стартап на Илон Маск вчера објави снимка на која се гледа мајмун како игра едноставна видеоигра откако му биле вградени импланти засновани на нова технологија.

Screenshot: Youtube

Снимката на Неуралинк долга три минути го прикажува Пејџер, макаки мажјак, на кого на двете страни на мозокот му се вградени чипови, како игра „Мајнд понг“. Иако бил трениран да игра користејќи џојстик, тој дел од конзолата сега е исклучен. Движењата во играта ги контролира мислејќи на движење на рацете горе или доле, пренесува Ројтерс.

„Првиот производ на Неуралинк ќе им овозможи на лицата со парализа со мислите да управуваат со смартфон побрзо отколку што некој би можел користејќи прсти“, објави Маск во четвртокот на Твитер.

Подоцнежни верзии би можеле да им овозможат на параплегичари повторно да одат, најави Маск.

„Уредот е вграден на ниво на черепот и се полни безжично, па изгледате и се чувствувате сосема нормално“, кажа тој.

Неуралинк ги снима и декодира електричните сигнали од мозокот на мајмунот користејќи две илјади електроди вградени во делот на мозокот кој ги координира движењата на рацете, се наведува во видеото.

„Користејќи ги овие податоци го калибрираме декодерот математички моделирајќи ја врската меѓу примероците и мозочната активност и различните движења на џојстикот кои ги произведуваат“.

Неуралинк е формиран во 2016 година во Сан Франциско и планот му е со вградување безжични чипови во мозокот да помогне во лекувањето на невролошките состојби како Алцхајмер, деменција и повреди на рбетот, но и да ги спои човештвото и вештачката интелигенција.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе