Колку е човештвото блиску до колонизација на Марс?

Роботски ровери и сонди слетуваат на Марс веќе педесетина години, но кога на Црвената планета конечно ќе стапне човек?

EPA-EFE

Експертите веруваат дека техничките предизвици се речиси решени, но конечната одлука ја носи политиката и поради тоа иднината на колонизацијата на Марс е неизвесна.

Програмата на НАСА за човечко истражување на Месечината, Артемис, предвидува повторно испраќање луѓе на природниот сателит на Земјата до 2024 и користење на тамошните искуства како подготовка за Марс.

Најамбициозното ветување за заминување на Марс го кажа во 1990 тогашниот американски претседател Џорџ Буш кој вети човек на Црвената планета до јули 2019, односно до педесеттата годишнина од слетувањето на Месечината.

Ветувањето не го исполнија ни Буш Постариот ни неговите наследници.

„Имам видено барем илјада графици, табели, различни идеи за тоа како да се стигне до Марс“, кажа Г. Скот Хабард, професор на Стенфорд и поранешен службеник на НАСА.

„Но, тоа никој не сака да го финансира“. Мисијата би траела две или три години.

Компаниите Спејсекс на Илон Маск и Блу ориџин на Џеф Безос градат ракети кои се во состојба да пренесат тони материјал на Марс.

Дваесетте години живот и работа на Меѓународната вселенска станица (ИСС) ги смири научниците околу опасностите кои радијацијата и бестежинската состојба би можеле да претставуваа на седуммесечното патување до Марс. Без сомнеж, би имало последици на организмот, но тие се сметаат за прифатливи.

Останувањето на Марс би траело 15 месеци, колку што е потребно двете планети повторно да се најдат на истата страна на Сонцето.

Температурата на површината во просек би изнесувала -63 Целзиусови степени, но за таквите ситуации постојат заштитни одела и засолништа. Во случај на медицинска итност, евакуација поради одалеченоста е невозможна.

Какви неволји предвидуваат астронаутите?

Пред сѐ, скршеници, но тие можат да се решат со гипсирање, вели Ден Бакленд, инженер и лекар од Универзитетот Дјук, кој соработува со НАСА.

Дијареа, бубрежни камења и воспаление на слепото црево генерално можат да се лекуваат на Марс, освен оние 30 отсто случаи на воспаление на слепото црево кои мораат да се решат со операција.

Со опширно истражување на генетиката и семејното стебло на астронаутите поприлично може да се намали веројатноста дека член од екипажот ќе заболи од рак за време на тригодишната мисија.

„Во здравствена смисла не гледам пречка за заминување на Марс“, вели Бакленд.

Големото прашање би била заштитата на населбите и возилата од песочните бури. „Марс е единствен и по тие бури“, вели функционерот на НАСА Роберт Хауард.

Тие можат со месеци да го блокираат Сонцето, што значи дека во тие периоди соларните панели би биле бескорисни. Затоа на луѓето таму ќе им требаат мали нуклеарни реактори и за тоа веќе постои проект. Крајната цел е производство на материјали на лице место при што би се користеле тамошните ресурси, веројатно 3Д принтери.

Значи, може да се каже дека проектот е во почетна фаза, но Артемис ќе послужи како „полигон“ за истражување.

Колонии?

Илон Маск предложи колонизација на Марс така што првата експедиција ќе изгради фабрика која тамошните вода и јаглерод диоксид од атмосефара ќе ги претвора во кислород и метан.

„Да се биде вид кој населува повеќе планети е подобро да се биде вид кој населува една“, кажа тој во 2017 година.

Роберт Зубрин, аеронаутички инженер и писател, е голем заговорник на создавање „нови гранки на човечката цивилизација“. Тој е огорчен поради тоа што од последното човечко чекорење по Месечината во 1972 не е направен никаков напредок.

„Тоа е како Колумбо кога првиот пат се вратил од Новиот свет (кралот и кралицата) Фердинанд и Изабела да му кажале „па што, ние за тоа не сме заинтересирани““, вели Зубрин. Но не се сите уверени во тоа.

„Доста со тие глупости“, вели егзобиологот Мишел Визо од ЦНЕС, француската вселенска агенција. „Имаме чудесна атмосфера со атмосфера, со кислород, вода. Никој нема право да ги залажува луѓето да мислат дека постои „план Б“ или „планета Б““.

Ќе основаат ли луѓето колонија или постојани бази на Марс? Најголемата пречка за нивното рајно присуство таму е да се уверат луѓето да го прифатат многу поголемиот ризик отколку на Месечината или на ИСС.

И на крај, треба да се истакне дека од таму нема сите да се вратат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе