Која ќе биде првата жена на Месечината?

Дванаесет жени астронаутки на НАСА и најверојатно само една од нив ќе биде прва жена која ќе оди на Месечината до 2024 година, кога САД најави дека луѓе повторно ќе чекорат на површината на Месечината, а НАСА кажа дека една меѓу нив ќе биде жена.

Астронаутките имаат меѓу 40 и 54 години сите се со различни професии и американската вселенска агенција ги избра нив меѓу илјадници кандидатки.

Да се предвиди која ќе биде избрана за да се приклучи на Нил Армстронг во книгите по историја е невозможно, но поранешните астронаути и експерти за АФП изјавија дека најверојатно ќе се работи на било која од нив, а не избраничка од идните млади сили.

На самиот почеток НАСА регрутираше војници, мажи. Дванаесете астронаути кои беа на Месечината помеѓу 1969 и 1972 година беа мажи. Првата жена во вселената беше Сали Рајд во 1983 година.

По одлуката на претседателот Доналд Трамп за враќање на месечината, НАСА вети дека жена ќе биде една од повратниците.  

„Јас немам ништо против почетниците. Но има доволно астронаутки кои веќе летале, кои знаат како да реагираат во вселената“, изјави Ајлин Колинс, поранешна астронаутка која пилотираше и заповедаше летала во 90-тите години и на крајот на милениумот.

„Ќе биде подобро да се испрати некоја кој има барем еден лет“, изјави Кен Буерсокс, висок претставник на НАСА.

Четири жени меѓу кандидатките би биле најдобрата рамнотежа помеѓу младоста и искуството, оценуваат експертите.

На возраст од 40 и 41 години, е поранешната воена пилотка на хеликоптери Ан Меклаин, која  до крајот на јуни е на Меѓународната вселенска станица (Ајесес), инженерката Кристина Кох, биологот Џесика Меир и поранешната тест пилотка на Еф /Еј 18 Никола Ман, која учествуваше во војните во Ирак и во Авганистан.

Во рамките на всемирската програма Аполо, на месечината помеѓу 1969 и 1972 година, се испратени вкупно шест мисии со екипаж, а Вашингтон вети дека САД ќе биде првата земја која што во 21-от век ќе ги врати луѓето на површината на Месечината.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе