Новата кинеска кампања е наречена „Соништа за младоста“, а на снимката е прикажан вистински Х-20 бомбардер, туку негова дигитална компјутерска верзија, и тоа на самиот крај на снимката, како „тизер“ или најава, бидејќи авионот е покриен со платно.
Иако станува збор за видео за регрутација, за експертите од Западот на снимката е важен токму Х-20, кој по дизајнот неодоливо личи на американските бомбардери Б-2 „спирит“ и идниот Б-21 „рајдер“.
Има извештати дека Сијан еркрафт индастриал корпорејшн (САК), која е дел од кинескиот АВИК, задолжен за развој на големи авиони, го успорил развојот на бомбардерот Х-20 за да се забрза производството на борбениот авион И-20.
На снимката Х-20 под платното се гледа фронтално и странично како одраз на пилотски шлем, па не може многу да се заклучи за самиот авион и неговиот дизајн, освен големата сличност со американските стелт бомбардери.