Кинезите измислија супер-камера која може да забележи човек меѓу илјадници

Кинески научници развија ултрамоќна камера која може да идентификува едно лице меѓу толпа од неколку десетици илјади луѓе.

Камерата од 500 мегапиксели ја развиле научниците од Унуверзитетот Фудан во соработка со оптичкиот центар Чангчун од Кинеската академија на науки, пишува Индипендент.

Станува збор за камера чија резолуција содржи пет пати повеќе детали од човечкото око, иако по висината на резолуцијата ја надминува камерата од 500 мегапиксели од една чилеанска опсерваторија чија цел е набљудување одалечени галаксии.

Камерата на кинеските научници ќе се користи за видеонадзор и веќе ја пофалија кинеските државни медиуми, а со неа ќе се служат кинеската војска и безбедносните институции.

Технологијата на препознавање лица во комбинација со следењето поединци во реално време на тој начин придонесува на надзорната мрежа со која Кина ги снима податоците за сите свои граѓани.

Се проценува дека Кина во моментов има 170 милиони надзорни камери, односно една на секои 12 луѓе, што нејзината технологија на надзорен хардвер и софтвер ја прави можеби најразвиена во светот.

Со цел за следење на своите граѓани Кина минатата година разви технологија за препознавање на одењето која може да идентификува поединец на одалеченост од 50 метри само набљудувајќи ги неговите телесни движења.

Програмата „птица шпионка“, од друга страна, се служи со јата роботски птици со камери кои од воздух ги снимаат луѓето.

Здруженијата за човекови права ја критикуваат надзорната технологија која кинеската држава ја применува врз своите граѓани, наведувајќи притоа дека станува збор за тешко кршење на личните слободи на луѓето.

„Рангирањето на граѓаните врз основа на нивното однесување, на она што го купуваат во продавниците, до тоа што го пишуваат на интернет, претставува вештачки начин на создавање општество во кое не постојат проблеми. Ниско рангираните луѓе на тој начин се соочуваат со тешкотии во сите аспекти на животот, од вработување до школување на своите деца“, вели Маја Ванг од Хјуман рајтс воч.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе