Ј-20

Кинезите ги претставија можностите на својот најнов стелт авион (ВИДЕО)

Кинеското воено воздухопловство го престави својот прв млазен борбен љавион може да испукува ракети при лет со голема брзина.

Како што пренесува Саут Чајна морнинг пост, станува збор за демонстрација на сила, односно показна вежба дека таа држава ги има најнапредните авиони по Соединетите Американски Држави.

Два авиони Ј-20 (од четирите колку што ги има кинеското воздухопловство) ги отворија своите прегради со ракети, додека авионот леташе побрзо од брзината на звукот. Маневарот беше изведен на саемот Ершоу Чајна, кој се одржува секоја втора година во Жухаи, во јужната покраина Гуангдонг.

Секој од млазните авиони покажа четири ракети со среден и долго дострел од топот воздух-воздух на долната страна на леталото, како и борбени ракети со краток дострел од страната на авионот.

При демонстрацијата, вратата на преградата се отвораше без проблем за секунда, во момент додека Ј-20 леташе со голема брзина. Овој маневар може да биде пресуден во случај на воздушни борби.

Меѓутоа, како што пренесува Ал џезира, останува непознато дали Ј-20 може да ги лансира ракети при лет со голема брзина.

Заменик командантот на авијацијата на Народно ослободителната армија на Кина Су Анксијанг вели дека демонстрацијата имала задача да покаже дека Ј-20 има „почетна оперативна способност“.

„Способноста на отворање на вратите со ракети за време на лет со голема брзина и понатаму е предизвикувачка и напредна технологија, имајќи предвид дека дури ни руските борбени авиони од новата генерација Су-57 не го можат тоа“, изјави за Саут Чајна морнинг пост анонимен извор од војската.

Утврдено е дека само американските борбени авиони Ф-22 „раптор“ и Ф-35 „лајтнинг“ имаат способност за отворање на преградата со ракети и нивно лансирање при борба со голема брзина.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе