Кинеските технолошки компании можеби ќе здивнат по победата на Бајден

Кинеската технолошка индустрија, една од главните мети на американскиот претседател Доналд Трамп во судирот со Пекинг, се надева дека новоизбраниот претседател Џо Бајден може да создаде поконструктивен однос, но малку кој од аналитичарите смета дека ривалството ќе исчезне.

EPA-EFE

„САД во најмала рака повторно ќе почнат да заговараат отвореност“

Трамповиот четиригодишен мандат веќе ја научи таа индустрија дека мора да се потпре на сопствените сили, а Кина нема да се откаже од намерата да ги подобри своите технолошки можности.

„Кога Бајден ќе ја преземе должноста, технолошките компании во Кима можеби ќе здивнат“, истакна директорот на Конзорциумот за интернет и општество на Универзитетот за комуникации во Жеџијанг Фанг Сингдон.

„Се очекува САД во најмала рака повторно да почнат да заговараат отвореност, дека повторно ќе го почитуваат рамноправниот пазарен натпревар и ќе заговараат иновации. Меѓутоа, тоа нема да значи крај на ривалството во областа на софистицираната технологија. Кина и САД ќе се натпреваруваат во следната деценија со вистински иновациски капацитети“, смета тој.

Трамп ги забрани Хуавеј и Тикток

Вашингтон тврди дека кинеските технолошки џинови, како Хуавеј, сопственикот на Тикток Бајтденс и Тенсент холдингот, претставуваат закана за националната безбедност и им воведе санкции, кои ги нарушија синџирите на снабдување и им ја скратија можноста за глобално ширење.

Ставањето на трговската црна листа администрацијата на Трамп ги бутна Хуавеј и Бајтденс во ќош, а пристап до американските добавувачи изгубија и други кинески компании.

Трамп на Бајтденс му наложи да ја продаде американската подружница на Тикток, заканувајќи се со забрана. Кинеската компанија сега преговара со Волмарт и Оракл за формирање нова компанија која ќе го надгледува нејзиното работење во САД.

На Хуавеј, најголемиот светски произведувач на мобилни телефони и опрема за мобилни мрежи, американските трговски забрани му го блокираа пристапот до чиповите лишувајќи го од клучните делови.

„Кина веројатно нема да биде високо на листата на приоритети на Бајден“

Кина веројатно нема да биде толку високо на листата на приоритети на новиот шеф на Белата куќа Џо Бајден, кој пред сè ќе се фокусира на домашните прашања, проценуваат аналитичарите на Џефрис. Под Бајден се најмали шансите Вашингтон да им воведе забрана на сите кинески технолошки компании, сметаат тие.

Многу бизнис лидери предупредуваат воедно дека мерките на Трамп ја разголиле ранливоста на кинескиот технолошки сектор па отстранувањето на тој проблем кинеските лидери во меѓувреме го прогласија за приоритет.

Пекинг во последните месеци во повеќе наврати најавуваше нов модел на економски раст со „двојна циркулација“. Економијата така би требало помалку да зависи од странските пазари и технологија, на пример, со инвестиции од милијарди долари во домашната индустрија на чипови.

„Кина и САД можеби имаат прилика за преговори за да ублажат дел од технолошките проблеми“, кажа висок директор на една од кинеските компании од црната листа кој сакал да остане анонимен. „Но тешко е да се промени долгорочниот тренд. Трамповиот кабинет ја разбуди кинеската индустрија и развојот на домашниот индустриски синџир во претстојниот период и понатаму ќе го одредува степенот на независноста“, оценува тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе