Кинескиот ровер успешно слета на Марс (ВИДЕО)

Кинеско вселенско летало денес успешно слета на површината на Марс, со што Кина стана втората земја по САД на која тоа ѝ успеало.

Фото: Пиксабеј

Тајнвен-1 го спушти роверот на ледениот дел од Марс познат како Утопија Планитија, и стана првото кинеско вселенско летало на црвената планета, објави државната новинска агенција Синхуа, пренесе Ројтерс.

По овој повод, кинескиот претседател Си Џинпинг им честиташе на сите вклучени во оваа историска мисија.

На роверот Џуронг, именуван по стар бог на огнот, му требаа повеќе од 17 минути да ги расклопи своите соларни панели и антена и да испрати сигнали до контролата на Земјата оддалечена повеќе од 320 милиони километри.

Додека роверот со шест тркала се снаоѓа низ новата околина, неговиот орбитер ќе продолжи да кружи околу Марс, придружуван од шест други вселенски летала управувани од САД, ЕУ и Индија.

Иако Џуронг сè уште нема испратено слики од површината, тој е опремен со голем број инструменти за сликање и се очекува да истрае најмалку 90 дена на Марс - што е за околу 39 минути подолго од деновите на Земјата. За тоа време, ќе испитува примероци од тлото во потрага по знаци на воден мраз, ќе истражува карпи за да го утврди нивниот состав и ќе ја следи атмосферата, меѓу другите задачи.

Кина со ова стана и третата земја, по Советскиот Сојуз и Соединетите Држави, што спуштила ровер на Марс, но втората што тоа го сторила успешно, бидејќи врската со советската сонда беше изгубена неколку секунди по слетувањето.

Во 2019 година Кина стана првата земја што спушти сонда на малку истражената далечна страна на Месечината, а во декември таа донесе карпи од Месечината на Земјата, што беше првпат некој да го стори тоа од 1970-тите.

Пекинг планира и други амбициозни проекти, кои вклучуваат воспоставување вселенска станица до 2022 година.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе