Прикажувајќи ја северната ледена покривка, како и еден вид „селфи“ на Тјанвен-1 со Марс во заднината, сликите го надополнуваат растечкиот каталог на импресивни фотографии што вселенските агенции од целиот свет ги направија од црвената планета.
Според кинеската вселенска агенција ЦНСА, Тјанвен-1 беше лансиран во јули 2020 година и пристигна на Марс на 15 мај оваа година. По она што агенцијата го опишува како „тешко“ слетување, роверот Џуронг слета на површината на Марс, со што Кина стана втора земја по Соединетите Држави што слетала на таа планета, а Џуронг шестиот ровер што го сторил тоа.
Иако се очекуваше да трае само околу три месеци, Џуронг ја надмина таа граница со над 224 дена во функција. За време на својот релативно долг животен век, роверот досега помина 1.400 метри и испрати преку 540 гигабајти податоци.
Ова не е единствената мисија што Кина ја планира на Марс. Саут Чајна морнинг пост објави детален план за Тјанвен 2, кој ќе собира камења од површината на Марс и потоа ќе се врати на Земјата, со можна временска рамка за таа мисија до 2030 година.