Кинески научници развија маска која ја детектира короната во воздух

Кинески истражувачи развија маска која ги предупредува корисниците на изложеност на коронавирус или грип.

Илустрација: Ансплеш

Сензорот вграден во маската успеал да ги детектира вирусите ковид-19, Х5Н1 и Х1Н1 во воздухот во рок од десет минути и да испрати известувања до уредот, според студијата предводена од шест научници од Универзитетот Тонги во Шангај. Резултатите се објавени во научното списание Матер.

Новиот уред, кој се наоѓа надвор од маската и има литиумска батерија што се полни, бил тестиран со прскање патогени врз него во затворен простор. Симулирано е веројатно сценарио во кое некој зборува или кашла. Сензорите реагирале дури и на многу помала количина течност од количината произведена со кивање, испраќајќи предупредување до безжичниот уред како што е телефонот.

„Претходните истражувања покажаа дека маските го намалуваат ширењето на вирусите. Затоа сакавме да направиме маска која го предупредува корисникот за присуство на вируси во воздухот“, вели Јин Фанг од Универзитетот во Шангај и еден од авторите на студијата.

Истражувачите велат дека уредот најдобро се користи во затворени простории, каде што ризикот од инфекција е висок. Тие работат на намалување на времето за откривање и на чувствителноста на уредот, кој може да се конфигурира за различни вируси доколку е потребно.

Легенда под Главна слика

Илустрација: Ансплеш

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе