Можеби ќе биде и единствениот годинава

Кинески истражувачки тим го освои врвот на Монт Еверест

Кинески истражувачки тим го освои врвот на Монт Еверест и така стана прваат група планинари кои годинава се качила на покривот на светот, јавија утринава кинеските медиуми.

EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Целта на експедицијата била да се измери висината на највисокиот врв на планетата. Тимот ќе собере податоци и за длабочината на снегот, времето и брзината на ветрот.

Според кинеските мерења од 2005 година, висината на Монт Еверест е 8.844,43 метри – четири метри помалку од пресметката на Непал.

Кина на 30 април почна нова рунда истражувања за да се утврди висината на Монт Еверест, но лошото време два пати ги одложуваше плановите за качување.

Кинескиот тим можеби ќе биде единствениот кој годинава ќе го освои Монт Еверест, бидејќи и Кина и Непал го откажаа почетокот на сезоната на качување поради пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе