Среде тензиите со САД

Кинеска подморница лансираше балистички проектил од најновата генерација (ВИДЕО)

Кинеската морнарица вчера спроведе успешно тестирање на балистичкиот проектил ЈЛ-3 од најновата генерација лансирајќи го од подморница, истиот ден кога кинескиот министер се заколна дека „Кина ќе се бори до крај“ доколку биде предизвикана од САД.

Балистичкиот проектил кој се очекува да влезе во употреба следната година користи цврсто гориво и има дострел од околу 14.000 километри, и опремена е со 10 независни наведувани нуклеарни боеви глави.

Тестирањето беше одржано вчера наутро, во време на засилени тензии во Индо-пацифичкиот регион додека Вашингтон продолжува да го предизвикува растечкото кинеско влијание во регионот со постојано минувања низ Тајванскиот теснец и спорните води во Јужното Кинеско Море.

„Ако некој се обиде да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да има друг избор освен да се бори по секоја цена“, изјави кинескиот министер за одбрана Веи Фенге вчера. „Ако САД одберат да војуваат, или економски или воено, Кина ќе се бори до самиот крај“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе